Menu

Градоначалник

Зоран Ногачески е роден е на 08.02.1966 година. Постојано живее во село Волино, општина Дебрца. Оженет е со Татјана Ногаческа, со која ги има синовите Бојан и Стефан. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први”,при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје, во 1992 година и се стекнал со високо образование, VII-1  степен, дипломиран правник. Професионалната кариера ја започнува во 1997 година, кога бил избран за секретар на советот на поранешната општина Мешеишта, која функција ја извршува до 2005 година.Од 2005-2017 година е вработен како државен службеник во општинската администрација на општина Дебрца и тоа: од 2005-2011 година како комунален инспектор, од 2011-2013 како раководител на одделението за правни прашања и општи работи, од 2013-2017 како раководител на одделението за инспекциски работи. Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15-ти октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за Градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од Локалните избори 2017.