Menu

Електрична Мрежа

Сите села во општина Дебрца се електрифицирани и обезбедени со јавно /улично/ осветлување. На подрачјето на општината се наоѓа и ХЕ Песочани,со годишно производство 13,0 ГЊх.

Низ територијата на општината Дебарца од електропреносната и дистрибутивната мрежа поминува 35 КВ вод Струга-Мешеишта-Песочани.Од трафостаниците во општината на 110 КВ напонско ниво се:Мешеишта ( 2,5 МВА) и Песочани (2,5 МВА).

Заради раширеноста на населените места, поедини изводи на нисконапонската мрежа од 10 КВ трафостаниците се долги што доведува до зголемени загуби и падови на напон кај потрошувачите. Имајќи ги во предвид идните потреби од електрична енергија и можностите за производство на електрична енергија во општината се планира изградба на уште една ХЕЦ, во местноста Радомирово,на реката Песочанка, како и замена јавното улично осветлување со штедливи ЛЕД сијалици.