Menu

Земјоделство

Земјоделието претставува основна стопанска дејност за егзистенцијата на населението на подрачјето на општината, но поради сеуште недоволната развиеност на земјоделството не се остварени некои позабележителни резултати. Според податоците на Заводот за статистика од пописот на земјоделството 2007 година процентот на население кое се занимава со земјоделие изнесува 14,8%.

Во општина Дебарца постојат добри природни услови за развој на земјоделството, сточарството, шумарството и рибарството.

Особено општината има потенцијал за развој на производството на еколошка храна и еколошки туризам, со оглед дека спаѓа во еколошки незагадени области.