Menu

Образование

Од воспитно-образовните институции во општината Дебрца постојат само институции за основно образование. Основното образование во општината се реализира во Основното училиште Дебрца-с.Белчишта, со работните единици во: с.Велмеј,с.Мешеишта,с.Требеништа и подрачните училишта во: с.Оровник, с.Горенци, с.Волино ,с.Ботун ,с.Злести, с.Лешани, с.Издеглавје и с.Слатино. Во учебната 2008/2009 година во училиштето учат вкупно 323 ученици во 35 паралелки.