Menu

Археолошки Локалитети

На подрачјето на општината Дебрца постојат повеќе археолошки локалитети:

  • Археолошки локалитет Требенишка Некропола, Горенци, 8-4 век п.н.е. (откриени се златните посмртни маски);
  • Археолошки локалитет Требенишко Кале, Требеништа, антички период;
  • Археолошки локалитет Зла страна,Горно Средоречје,неолит;
  • Археолошки локалитет Кутлина,Велмеј,неолит до 6-ти век;
  • Археолошки локалитет Сува Чешма,Три Челусти и Вртулка, Горенци,8-4 век.п.н.е.;
  • Археолошки локалитет Черепец, Годивје;
  • Пештера Јаорец, Велмеј,трага од првобитни заедници.

Се претпоставува дека во рамките на Климентовата Епископија Велика (Дрембица) припаѓала и сегашната територија на Дебрца. Потврда за тоа се археолошките остатоци од триесетина раносредновековни словенски цркви и манастири.