Menu

Туризам

ТУРИЗАМ

Општината има не само природен потенцијал, туку и сообраќајно изградена мрежа која и овозможува посебни поволности за развој на туризмот. Постоењето на аеродромот, магистралниот пат кој поминува низ општината овозможува пристап до општината и нејзините природни убавини. Постоењето на Слатинското езеро, со површина од 0,3 км2 е значаен потенцијал за развој на еколошкиот туризам. Езерото се наоѓа во природно чиста зона, богата со флора и фауна. На брегот на езерото постои хотелско угостителски објект со многу мал капацитет. Езерото е богато со риба и се наоѓа во непосредна близина на селото Слатино во чија околина се лоцирани две ловишта. Самиот амбиент на селата кои што ја задржале старата македонска архитектура,традиционалната храна го зголемуваат потенцијалот за привлекувањето на туристите. Освен Слатинското езеро, во општината во текот на летниот период заради поволните климатски услови – летната свежина, особена атракција претставува посетата на живописниот кањон на Песочанска река, како и на излетничките места Радомирово, Славеј, Илинска Планина и Велмешки Извори (општината располага со вкупно 20 ха излетнички места,со остварена посетеност од 400 лица за 2004 година).

Иако постојат услови за развојот на туризмот, туризмот не е развиен и постојат само 3 капацитети за сместување на туристи со остварени 170 ноќевања годишно и со капацитет од 30 легла. Состојбата на сместувачките капацитети во туристичките објекти не ги задоволува стандардите, кои се основа за привлекување на туристи.

ЛОВ

Во Општина Дебрца застапени се следните видови на диви животни: дива свиња, зајак, срна, рис и др. Ловот е организиран во три ловиШта (Караорман, Охрид и Славеј) кои се дадени под концесија на ловечките друШтва и со лов се занимааваат 200 лица, а годиШно се издаваат 285 дозволи (2004 година). Треба да се потенцира дека трендот на издавање на ловни дозволи оди по нагорна линија, односно бројот на издадените дозволи покажува многу големо покачување (25 издадени дозволи во 1999 година). Уловени се 16 грла на дива свиња (2004 година) и во однос на 1999 година (12 грла) трендот покажува зголемување на бројот на уловените грла. Незаконското ловење е доста раширена појава, која преку зајакнати контроли се намалува. Евиденто е намалувањето на некои видови на дивеч меЃу кои: диви свињи, додека срната и рисот веќе се загрозени видови.

СОБИРАЊЕ НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ

Во општината постои собирање на шумски плодови и тоа печурки, мов во количина од 15 т годишно, кој се откупува. Количините на собраните полжави изнесуваат од 10 т годишно. Треба да се потенцира дека ова се прави неплански и без контрола.