Menu

ЈП „Дебрца“

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА КОМУНАЛНА ДЕЈНОСТ ДЕБРЦА – БЕЛЧИШТА

Историјат

Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” – Белчишта е локално јавно претпријатие формирано од Советот на поранешната општина Белчишта, со Одлука за основање, број 07-68/7, од 20.03.2000 година  ( “Службен гласник на општина Белчишта”, број 18/2000 ), заради организирано и квалитетно вршење на комуналните дејности и стопанисување со објектите на комуналната инфраструктура.

Со донесувањето на Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија ( “Службен весник на РМ”, број 55/2004 ), со кој од поранешните општини Белчишта и Мешеишта се формира општина Дебрца, основач на Јавното претпријатие е Советот на општина Дебрца.

Надлежности

Со Одлуката за основање Јавното претпријатие се основа за вршење на следните комунални дејности :

  • Снабдување со вода за пиење, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на корисникот на услугата;
  • одржување на јавна чистота, под што се подразбира чистење (миење и метење) на јавни површини, јавни и отворени простори на јавни објекти и чистење на снегот во зимски услови;
  • собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад, под што се подразбира собирање, селектирање, транспортирање и депонирање на уредени депонии;
  • депонирање на индустриски отпад и штетни материи,под што се подразбира собирање, транспортирање и депонирање на отпадот на уредени депониои, како и одржување на депониите;
  • одржување, чистење и користење на паркови,зеленило, парк шуми и рекреативни површини, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки;
  • одржување на сообраќајна сигнализација на улици и општински патишта, под што се подразбира нејзино редовно и инвестиционо одржување;
  • изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор;
  • одржување и користење на пазар, под што се подразбира изградба, одржување на објектите и просторот на истите;
  • одржување на комунални уреди, под што се подразбира одржување во функционална состојба на чешми, фонтани и други комунални уреди и опрема ;
  • ерадикација на животни –скитници, украсување на населените места, одржување на јавни санитарни јазли, аерозапрашување, дезинфекција и др.

Со Одлуката за дополнување на Одлуката за основање на Јавното претпријатие, број 07-1787/9, од 26.11.2014 година, донесена од Советот на општина Дебрца  ( “Службен гласник на општина Дебрца” , број 12/14 ) Јавното претпријатие ги врши и следните дејности :

  • управување со спортски сали, под што се подразбира одржување на просторот и објектите, редовно инвестиционо одржување, давање нас содветни услуги и утврдување на начинот на негово користење ;
  • погребални и придружни услуги.

Статут на Јавното претпријатие

Статутот на Јавното претпријатие за вршење на комунална дејност “Дебрца” – Белчишта, со кој поблиску се уредуваат организацијата, уредувањето и раководењето со претпријатието, дејноста, општите акти и постапката за нивно донесување, информирањето, планирањето, како и други прашања од значење за комуналното претпријатие,  Управниот одбор на Јавното претпријатие го донесе на седницата одржана на ден 03.04.2001 година.

Органи на Јавното претпријатие

Управен одбор

Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од  пет  членови, кои ги избира и разрешува советот на општината. Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор не може да биде подолг од четири години.

Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот.

Управниот одбор на јавното претпријатие:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
  3. Ја утврдува деловната политика;
  4. Ја усвојува годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  5. Одлучува за употребата на средства остварени со работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите;
  6. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  7. Ги утврдува цените на производите и услугите;
  8. Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
  9. Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие

Надзорен одбор

За вршење контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие се формира надзорен одбор  од пет члена. Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор не може да биде подолг од четири години. Членовите на надзорниот одбор ги именува, односно разрешува основачот, односно советот на општината.

Директор

Со работата на јавното претпријатие раководи директор, што го избира односно разрешува градоначалникот на општината, со мандат од четири години. Изборот се врши врз основа на јавен конкурс.