Menu

Градоначалникот и секретарот на општина Дебрца денес присуствуваа на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември, во Охрид, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца “Мобилност Охрид 1988” и Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Охрид.
Денот се одбележа со одржување на ревијални спортски натпревари во дисциплините шах, пинг-понг, пикадо, стрелаштво и табла.

Посебно бев почестен што ги поделив наградите на најдобрите поединци во спортските натпревари.
Потенцирав дека општината Дебрца секогаш ќе им биде на располагање на здруженијата и ќе ги помага нивните програмски активности.
Овие луѓе, како во целиот свет, така и во Македонија, секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот и не ретко тие лица живеат во сиромаштија и на маргините на општеството. Често пати општеството овие луѓе ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите граѓани.
Затоа и државата и локалните самоуправи треба секој во рамките на надлежностите да се заложиме за нивно вклучување во сите сфери на општественото живеење.- изјави градоначалникот Ногачески.