Menu

Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016), Општина Дебрца, го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

              Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот опфатен со Урбанистички план за село Климештани,  КО Климештани, Општина Дебрца, државната управа, научните и стручните организации, Општина Дебрца, организира:

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

              По предлог – УПС за село Климештани, Општина Дебрца, кој опфаќа простор од 19,55 ха, со следните граници:

              Граници на опфатот се:

УПС КЛИМЕШТАНИ
X Y
СЕВЕР 480865.66 568351.31
ИСТОК 481305.8 567925.68
ЈУГ 480759.72 567676.39
ЗАПАД 480614.68 567996.75

              Повторната Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – Урбанистичкиот план за село Климештани, КО Климештани, Општина Дебрца со тех.бр. 0801-07-02/16 од 03/2018 год., изработен од “Иванов Инженеринг” – ДООЕЛ, Битола, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Дебрца.

              Јавната анкета ќе трае 5(пет) работни дена и тоа од 23.03.2018 год. до 29.03.2017 год., секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

              Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

              Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 29.03.2018 година (четврток) во 12:00 часот во просториите на Општина Дебрца.

              Со Почит,

                                                                                                               ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                Зоран Ногачески