Menu
Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година јавно достапен за граѓаните

Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година јавно достапен за граѓаните

Почитувани граѓани на Дебрца ,

Пред Вас е Предлог-Буџетот на општина Дебрца за 2018 година.

За првпат од постоењето на општината Буџетот на општината пред неговото донесување од советот на општината го ставаме на увид на јавноста.

Тоа го ветивме, а зборот е збор.

Целта ни е општинскиот буџет да биде подостапен и транспарентен за граѓаните.

Сметаме дека граѓаните мора да имаат увид како се трошат нивните пари.

Истовремено , нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирањето на општинските програми и политики.

Буџетот е од граѓаните и за граѓаните и затоа секој треба да има пристап и увид во него.

Ве охрабруваме и ги очекуваме Вашите мислења, предлози и сугестии по предлог-Буџетот на општината.

Зоран Ногачески, Градоначалник на општина Дебрца

Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани:

Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !
Честит празник !

Белчишко Блато во нашите срца

Белчишко Блато во нашите срца

Денес во општина Дебрца се одржа работилница под наслов “Белчишко Блато во нашите срца “ проект кој го финансира Регионалниот еколошки центар (РЕЦ), а го реализираат еколошкото друштво “Грашница” и општина Дебрца.. Свое обраќање на работилницата имаше и градоначалникот Ногачески.  Тој го потенцираше значењето на Блатото како извонредно природно наследство, потребата од негова заштита, како и потребата за негово искористување во функција на руралниот туризам.
Целта на Проектот е да се обезбеди оддржливо управување со Белчишкото блато и да се подготви План за зачувувување на блатото.

Одбележан Светскиот ден на лицата со хендикеп

Одбележан Светскиот ден на лицата со хендикеп

Градоначалникот и секретарот на општина Дебрца денес присуствуваа на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември, во Охрид, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца “Мобилност Охрид 1988” и Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Охрид.
Денот се одбележа со одржување на ревијални спортски натпревари во дисциплините шах, пинг-понг, пикадо, стрелаштво и табла.

Посебно бев почестен што ги поделив наградите на најдобрите поединци во спортските натпревари.
Потенцирав дека општината Дебрца секогаш ќе им биде на располагање на здруженијата и ќе ги помага нивните програмски активности.
Овие луѓе, како во целиот свет, така и во Македонија, секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот и не ретко тие лица живеат во сиромаштија и на маргините на општеството. Често пати општеството овие луѓе ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите граѓани.
Затоа и државата и локалните самоуправи треба секој во рамките на надлежностите да се заложиме за нивно вклучување во сите сфери на општественото живеење.- изјави градоначалникот Ногачески.