1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Географски карактеристики на општина Дебрца

Географски карактеристики на општина Дебрца

Дебрца е всушност котлински предел кој на запад е ограден со падините на планините Стогово и Караорман кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со падините на планините Славеј Планина, Илинска Планина и Плаќенска Планина кои ја одделуваат од областа Железник (Демир Хисар), додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката котлина. Областа Дебарца се дели на три под-области Горна Дебарца со главно место Сливово, Средна Дебарца со главно место Издеглавје и Долна Дебарца со глав... Read more...

Белчишко Блато - Сини Вирој

 Белчишко Блато - Сини Вирој

Дебарца е всушност котлински предел кој на запад е ограден со падините на планините Стогово и Караорман кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со падините на планините Славеј Планина, Илинска Планина

Read more...
Previous
Next
  • Географски карактеристики на општина Дебрца

    Географски

  •  Белчишко Блато - Сини Вирој

    Белчишко Б

Најнови вести

14/09/2017,
2017-09-14-10-11-18 Советот на Општина Дебрца на денешната, 58 седница едногласно донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион, потврдувајќи ја својата надпартиска сплотеност и изразувајќи ја волјата на жителите на Дебрца. Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15...
11/09/2017,
2017-09-11-08-07-03Во контекст на новонастанатата ситуација во Општина Дебрца и најавата за изградба на регионална депонија како и големиот револт на жителите, Советот на Општина Дебрца донесе Одлука бр. 08-1327/2 од 04.08.2017 год., за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион. Донесената одлука од Советот, заедно со барањето бр. 03-1328/1 од 04.08.2017 год., за отфрлање на Дебрца како...
01/09/2017,
o0   Општина Дебрца во соработка со ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје Друштво за управување со отпад, организира наградна игра под мотото ,,Да рециклираме и да се наградуваме,, чија цел е собирање на електричен и електронски отпад, намалување на штетното влијание врз животната средина, еколошките ризици како и здравјето на луѓето. Во општина Дебрца, акцијата започнува на 4-ти септември, а завршува со извлекување на наградите на 31-ви октомври 2017. Примање на отпад ќе се врши од 08:30 до 16:30 часот, секој...

СООПШТЕНИЕ

             Врз основа на член 50 -а став 6  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ. Бр. 51/05, 137/07, 130/09, 124/10, 18/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13 и 70/13),  Градоначалникот  на  Општина - Дебарца,  го  донесува  следното:

 

                                        С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА  ОРГАНИЗИРАЊЕ  НА  ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА  И  ЈАВНА АНКЕТА  ПО  ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА  ПЛАНСКА  ДОКУМЕНТАЦИЈА  ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 1,  ЗА  ИЗГРАДБА  НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА  со  моќност  од  850 kw,   КЛАСА  НА  НАМЕНА  -  Е 2  -  КОМУНАЛНА  СУПРАСТРУКТУРА ,  на  КП.  112,  мв. Престој,            КО-  НОВО СЕЛО,   ОПШТИНА -  ДЕБАРЦА.

1. Се организира Јавна презентација и јавна анкета по  ЛУПД - Локална  урбанистичка планска документација, со тех.бр.У02-04/13, изработена од  „ Иванов инжињеринг “ Битола, за  изградба на Фотоволтаична  централа,  со класа на намена  Е 2 - комунална супраструктура,  на  КП. 112,  мв. Престој,  КО- Ново Село,  Општина  -  Дебарца.

2. Плански опфат: ЛУПД  се однесува за просторот опфатен со КП. 112,  КО-  Ново Село,  со површина од  11641,00  м2.

3. Јавната презентација ќе се одржи на  07.08.2013 година, со почеток во 12:00 часот во просториите  на  општината - Дебарца.

4. Јавната анкета по Локалната урбанистичка планска документација  ќе трае од  01.08.2013 до 09.08.2013 година.

5. ЛУПД - Локалната урбанистичка планска документација,  ќе биде изложена во просториите  на  Општина - Дебарца,  секој  работен  ден  од  09:00  до 16:00 часот.

                    Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните  листови.

 

 

 

                                                                                          Oпштина - Дебарца               

Бр. _________                                                                 Градоначалник

       Белчишта

                                                                                      Игор  Трајкоски