1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ

Советот на Општина Дебрца на денешната, 58 седница едногласно донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион, потврдувајќи ја својата надпартиска сплотеност и изразувајќи ја волјата на жителите на Дебрца.

Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.

Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да предлага локација за изградба на регионална депонија на територијата на Општина Дебрца.

Ги повикуваме жителите масовно да го поддржат овој референдум, со цел да се стави точка на прашањето околу изградбата на регионална депонија во нашата општина.