1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( “Службен весник на РМ”, 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), и одлуката на Советот на oпштина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца, се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 10.07.2017 година ( понеделник ) ќе се спроведе теристичка ( од земја ) дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во период од 21:00 до 05:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запраување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на  пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови ( ветар, дожд ) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во oпштина Дебрца е  046/ 286 855.

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА