1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

ФОНДАЦИЈАТА “KАПИНКОВ” ОД ПЕРТ ДОНИРАШЕ ЧАНТИ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕБРЦА

Денес во Oпштина Дебрца, познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Г-дин Драган Капинков ја предаде донацијата од фондацијата “Капинков”. Г-дин Капинков се погрижи сите првачиња запишани  во ОУ,,Дебрца,, да имаат комплет училишен прибор и чанти за новата учебна година. За оваа донација која се реализира веќе традиционално неколку години наназат, Градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.