1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Вести

ТАМПОНИРАНИ ПОВЕЌЕ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ И БРЕЖАНИ

Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани.

Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија.

Станува збор за тампонирање на две локални улици во село Врбјани, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 600 метри, како и тампонирање на една локална улица во село Брежани со ширина од 3 метри и должина од 700 метри.

„Се надеваме дека со тампонирањето на овие улици жителите ќе имаат подобра и полесна комуникација, како и олеснат сообраќаен пристап.”, истакна Градоначалникот.

Градоначалникот  Трајкоски и понатаму продолжува со напорите за подобрување на животот на жителите на целата територија на Општина Дебрца.

 

 

ПРОДОЛЖУВААТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЗАФАТИ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото.

Станува збор за асфалтирање на три локални улички во Мешеишта со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе се вгради 820 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун каде што ќе бидат асфалтирани две локални улички во селото со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 120 метри, каде што ќе се вгради 360 метри квадратни асфалт. Вкупната вредност на реализираните градежни активности изнесуваат околу 1,5 милиони денари.

 

 

Градоначалникот Трајкоски при увидот рече дека ова се дел од инфраструктурните зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во општината, и истакна дека и понатаму се продолжува со напорите за подобрување на животот на жителите на целата територија на Општина Дебрца.