1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Вести

СО ЗАСИЛЕНО ТЕМПО СЕ ОДВИВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ОКОЛУ САНАЦИЈАТА НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ВОЛИНО

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК Сатеска од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачи, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

Фудбалското игралиште во Волино првенствено ќе го користи првиот тим на ФК Сатеска  - Волино, а ќе биде ставено на располагање на сите жители за спортување, рекреирање и за натпреварување, a воедно игралиштето ќе биде место за собирање и дружење на младите и постари генерации.

– Верувам дека ова фудбалско игралиште ќе излезе во пресрет на фудбалскиот клуб ФК Сатеска, како и на потребите на жителите на Волино, пред се на младите, кои тука ќе може да се рекреираат, да спортуваат и да ги развиваат своите спортски вештини, но и на повозрасните кои ќе може тука да се рекреираат, истакна Градоначалникот Трајкоски.

За реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 1.484.286,0 денари со пресметан ДДВ.

 

ТАМПОНИРАН ПОЛСКИ ПАТ ПОМЕЃУ СЕЛАТА ВОЛИНО И ТРЕБЕНИШТА

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Волино и Требеништа каде завршија градежните работи околу изградбата на полски пат помеѓу селата Волино и Требеништа. Станува збор за тампонирање на постоечки земјен полски пат кој што обезбедува многу побрз и полесен пристап на земјоделците до своите земјоделски површини. Од стариот земјен пат, најпрво се отстрани земјаниот слој, се изврши набивање на подтлото, а потоа се изврши насипување и тампонирање со сепариран дробен камен. Согласно проектната документација се работи за тампонирање на полски пат со должина од 1783,64 метри, ширина на планумот на патот од 3,0 метри, а за одведување на водата од околните ниви се изработуваат 8 бетонски пропусти.

Со овој пат ќе обезбедиме полесен и побрз пат до земјоделските површини, а ќе се создадат услови земјоделците да можат да одгледуваат и подоходовни култури, рече Игор Трајкоски, градоначалник на Општина Дебрца.

Изградбата на полскиот пат е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со вкупна инвестициона вредност на овој проект е 997.546,00 денари без пресметан ДДВ.