1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Вести

ФИНАЛИЗИРА ИЗГРАДБАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ТРЕБЕНИШТА

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Требеништа каде изврши увид врз градежните работи кои се одвиваат околу Реконструкција на водоводната мрежа во селото. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цефки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм. Градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена во договорот, каде работите се пред самиот крај и во наредниот период водоводниот систем ќе биде ставен во функција. Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води" кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски со средства добиени од Европската инвестициска банка. Во Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа ќе бидат вложени 5.752.723,00 денари со пресметан ДДВ.

- Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на живот, посебно во руралните средини и е дел од политиките на Владата на Република Македонија за рамномерен регионален развој. Неговата реализација значително ќе ги подобри квалитетот, ефикасноста, достапноста и сигурноста во овозможувањето на комунални услуги на населението, со што се дава позитивен импулс за натамошен развој на населените места. – изјави Градоначалникот Трајкоски.

Со реконструкцијата на водоводната мрежа во селото, како и со претходно ново изградениот резервоар за вода за пиење од 150 кубни метри минатата година, трајно се решаваат долгогодишните проблеми на жителите на селото Требеништа со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на живот, како и поефикасно управување со ситемот за водоснабдување.

 

СЕ РЕКОНСТРУИРА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ЗА ГОЛЕМ ФУДБАЛ ВО ВОЛИНО

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски изврши увид во с. Волино, каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачи, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

Фудбалското игралиште во Волино ќе биде ставено на располагање на сите жители за спортување, рекреирање и за натпреварување, воедно игралиштето ќе биде место за собирање и дружење на младите и постари генерации.

„Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кој ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија” потенцираше Градоначалникот Трајкоски при посетата.

За реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 1.484.286,0 денари со пресметан ДДВ.