1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Вести

СВЕЧЕНО ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА УЧИЛИШТЕТО ВО ОРОВНИК

Со сечење лента Градоначалникот Игор Трајкоски, свечено го пушти во употреба реконструираното основно училиште во Оровник, каде што реконструкцијата се одвиваше во две фази. Името со пуштењето во употреба на училишната зграда од новата учебна 2016/2017 година ќе се овозможи настава за ученици од прво до петто одделение, кои наставата ќе ја следат во поприријатни услови, и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да се намалат трошоците за греење.

- Инвестициите во образованието, се инвестиции во иднината. Со секоја тула ставена во ѕидот на училиштето, всушност ја градиме нашата иднина, иднина за подобро утре, иднина која ни ветува развој и благосостојба. Секој вграден прозорец е прозорец кон иднината, кон нашите стремежи за откривање на нови работи и вештини, рече Градоначалникот Трајкоски, напоменувајќи дека и во иднина ќе продолжи кон реализација на проектите во областа на образованието.

Училишната зграда се простира на површина од околу 350 квадратни метри со 3 училници, кои ги задоволуваат сите стандарди и нормативи за реализирање на воспитно-образовниот процес. Објектот располага и со простории за административно-технички персонал и други помошни простории.

Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува Општина Дебрца во делот на образованието за подобрување на воспитно образовните установи  и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените.

Реконструкцијата на училишната зграда е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион  кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Вкупната инвестициона вредност на двете фази од реконструкција изнесува околу 3.000.000,00 денари.

ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ЗА ГОЛЕМ ФУДБАЛ ВО БЕЛЧИШТА ВО ЗАВРШНА ФАЗА ОД НЕГОВАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА

Во завршна фаза е рекострукцијата на фудбалското игралиште во село Белчишта каде Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски изврши увид на градежните активности околу Реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште за голем фудбал, во овој момент изведена е дренажа по должина на фудбалското игралиште  за одводнување,изградени се кабини за резервните играчи,извршено е дооградување на игралиштето со заштитна жичана мрежа,Во моментов во завршна фаза е реконструкцијата  на објектот за соблекувални и простории за судии и делегати,со што градежните активности се одвиваат според утврдената динамика.

Градоначалникот Трајкоски изјави дека Општината добива уште еден спорски терен каде младите ќе може да спортуваат,да се тренираат млади таленти кои еден ден достојно ќе ја претставуваат Република Македонија.

Реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште е во износ од 1.958.007 денари со пресметан ДДВ ,средства кои се обезбедени од буџетот на Општина Дебрца.