1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Вести

Се асфалтираат улици и патишта во Дебрца


Новата локална самоуправа вчера отпочна со асфалтирање на улици во с. Ботун, најавувајќи модернизација на патната инфраструктура и во другите населени места во општината.

-Во моментов имаме асфалтирање на локална улица во с.Ботун но продолжуваме и во другите села така што ќе извршиме асфалтирање на локални улици во с.Песочан,с.Лешани. Вкупната должина со која ќе се асфалтираат овие улици е околу 500 метри.Исто така во наредните денови ке се изврши санација на ударни дупки во сите населени места во Општина Дебарца при што ке бидат вградени 240 тони асфалт.-изјави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Тој најави дека во наредните десетина дена ќе биде изграден локален пат од с.Сливово спојка со магистралниот пат Охрид-Кичево во должина од 3000 метри.



 

 

Извор: www.ohridnews.com

Учениците од Волино ќе добијат ново монтажно училиште



Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, денес го посети селото Волино каде што со поддршка на министерството за образование и наука, се врши изградба на ново, монтажно училиште.

Училиштето ќе има две училници, санитарни јазли и просторија за наставниците.

- Станува збор за реализација на едно од дадените предизборни ветувања на градоначалникот со што учениците ќе добијат квалитетни услови за извршување на образовниот процес, потенцираат од кабинетот на градоначалникот Трајкоски.








 

Извор: www.ohridnews.com