Menu

Администрација

Општина Дебрца ја остварува својата функција врз основа на Законот за локална самоуправа и посебни закони од други области. Органи на Општината се: градоначалникот и Советот. Градоначалникот и членовите на Советот се избираат на непосредни, тајни и демократски избори. Советот на општина Дебрца брои 11 членови од повеќе политички партии и независни претставници.

За извршување на работите од надлежност на локалната самоуправа, утврдени со закон и Статутот на општина Дебрца, општинската администрација на општината Дебрца е организирана во следните одделенија.