Select Page
Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности, наследство и подарок.
Одговорно лице: Катерина Љаткоска
Телефон: +389(0)46286855
email: kejt_ok@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси  приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот кои наследниците, односно примателите на подароци ги наследуваат, односно примаат врз основа на Законот за наследување, односно договорот за подарок (втор и трет наследен ред);
  4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на општина Дебрца по претходно потпишан пропишан образец кој е во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на наследство и подарок;
  6. Решението за данок на наследство и подарок се подига во зградата на општината во с.Белчишта
  7. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок (законски пропишана форма);
  2. Договор за подарок (број на примероци наведени во договор или нотарски акт);
  3. Наследно (судско) решение во 3 примероци (1 оригинал и 2 фотокопии заверени кај нотар);
  4. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост);
  5. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

 

Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 1 месец ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат на маил contact@debrca.gov.mk, телефонски +389(0)46286855 или лично во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок (втор и трет наследен ред)

Постави прашање

  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.