Што е данок на имот?
Данокот на имот е јавна давачка, која се плаќа за недвижен имот од страна на правни и на физички лица што се сопственици или корисници на недвижниот имот, освен за оној имот што е со закон ослободен од плаќање.
Колку вида данок на имот има?
Во согласност со членот1 од Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ” бр.61/04, 92/07 и 102/08), постојат 3 вида даноци на имот, и тоа:
1. данок на имот,
2. данок на наследство и подарок и
3. данок на промет на недвижности.
За кој недвижен имот се плаќа данок на имот и дали
има ослободување и олеснување?
Данок на имот се плаќа за недвижен имот, и тоа: за земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта) и за згради (станбени згради или станови, деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти).
Постојат даночни ослободувања и олеснувања
Данок на имот не се плаќа за:
1. недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје, освен недвижниот имот кој го користат физички и правни лица;
2. недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако е во нивна сопственост, под услов да се применува реципроцитет;
3. недвижен имот во сопственост на Народната банка на Република Македонија;
4. згради и земјиште што се во сопственост на верските заедници;
5. недвижности што во согласност со законот се прогласени за културно наследство;
6. објекти за заштита на земјиштето, на водите и на воздухот;
7. објекти на претпријатијата за работно оспособување, професионална рехабилитација и за вработување инвалиди;
8. земјиште што се користи за површински и за подземен коп во рударството и за геолошки истражувања;
9. економските згради во земјоделството;
10. земјоделско земјиште што се користи за земјоделско производство.
Даночно намалување на пресметаниот данок во висина од 50% има даночниот обврзник за данок на имот за станбена зграда или за стан во кој живее со членовите на своето семејство.
Како се утврдува висината на данокот на имот?
Висината на данокот на имот се утврдува кога на утврдената пазарна вредност ма недвижниот имот ќе се пресмета стапка од 0,10% (Општина Струмица 0,10 %) до 0,20%, а за земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство, стапките можат да се зголемат од три до пет пати во одмос на пропишаните стапки. Висината на стапката со одлука ја утврдуваат советите на општините, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје, во согласност со законот.
Како се утврдува пазарната вредност на недвижниот имот?
Пазарната вредност ја утврдува комисија формирана од советот на општината според Методологијата за утврдување на пазарната вредност која ја пропишува Владата на РМ („Службен весник на РМ” бр.50 од 2005 година). Врз основа на Методологијата за утврдување на пазарната вредност, постојат главни елементи што ја сочинуваат пазарната вредност, и тоа: градежната вредност, микролокацијата и макролокацијата.
Кој го плаќа данокот?
Во согласност со членот 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ” бр. 61/04, 92/07 и 102/08), даночен обврзник за данокот на имот е правно и физичко лице што е сопственик на имот, корисник на имотот, а во случаите кога сопственикот не е познат или не е достапен, и корисникот на имотот, во согласност со законот. Ако е имотот во сопственост на повеќе лица, секое од нив е обврзано да плаќа данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел. Даночен обврзник за данокот на имот е и правно и физичко лице-корисник на недвижен имот во солственост на државата и на општината.
Што треба да направам кога ќе добијам решение за плаќање данок на имот за имотот што го поседувам? Каде се плаќа данокот на имот?
По добивањето на решението за плаќање на данокот на имот, данокот треба да се плати. Се плаќа на секои три месеци и пристигнува за на’плата во средината на секое тримесечје или еднократно во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението. Данокот на имот се плаќа на соодветна сметка кај носителите на платен промет.
Што треба да направам ако не сум задоволен/а од проценетата вредност на имотот што сум го купил/а?
Ако не сте задоволен/а од проценетата вредност на имотот што сте го кулиле, а која ја утврдил органот со решение, имате право на жалба во рок од 15 дена од денот на примањето на решението. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Жалбата се доставува преку општинската администрација до Министерството за финансии, кое одлучува во второстепена постапка. Даночните обврзници што се мезадоволни од второстепеното решение имаат право да поведат управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија.
Што треба да направам кога ќе купам имот (куќа, плац, стан, деловна просторија и сл.)?
Во согласност со членот 29 став 3 од Законот за данок на имот („Службен весник на РМ” бр. 61/04, 92/07 и 102/08), за имотот што го стекнува или почнува да го користи во текот на годината или ако по некоја друга основа почнува даночна обврска, обврзникот е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот кога го стекнал имотот, кога почнал да го користи имотот, односно кога почнала даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација на чие подрачје се наоѓа имотот.
Што можам да направам ако во пропишаниот законски рок не можам да го платам данокот? Дали можам да гоодложам плакањето?
На барање на даночниот обврзник, градоначалникот може да го одложи извршувањето на решението, односно да дозволи одложено плаќање на обврските или плаќање на рати до донесување решение по жалба, ако даночниот обврзник приложи банкарска гаранција, ако уплати готовински депозит или обезбеди друг инструмент за осигурување на плаќањето, освен заданочен долг, односно даночна обврска помала од 10.000,00 денари. Плаќањето на даночната обврска може да се одобри на 12 месечни рати.
Што ќе се случи ако не го платам данокот?
Дко даночниот обврзник доброволно не го плати пристигнатиот даночен долг во законски пропишаниот рок, се пристапува кон присилна наплата. Оваа постапка се спроведува за неплатен долг заедно со каматата што се определува со решение за присилна наплата. Пред да се примени оваа мерка, општинската администрација е должна да достави опомена на последната адреса што ја пријавил обврзникот во органот. Присилната наплата се извршува од целокупниот имот (движен и недвижен), од приходите и од побарувањата, и тоа со:
– попис и процена, одземање (запленување) и продажба на имотот по пат на јавно наддавање, освен на предметите наведени во членот 57 од Законот за данок на имот („Службен весник на РМ” бр. 61/04, 92/07 и 102/08);
– забрана за користење на средствата од сметките на даночниот обврзник;
– забрана за користење на средствата од личните примања од работен однос;
– забрана за користење на побарувањата на даночниот должник.
Исполнете ја законската обврска – продолжете со редовно плаќање на даноците на имот, со што ќе придонесете за побогата, поубава и поуспешна општина.
НАШИТЕ ПАРИ ВО НАШАТА ОПШТИНА!
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
1.ДАНОК НА ИМОТ
>Даночна пријава за утврдување на данок на имот потпишана од даночниот обврзник;
>Имотен лист на име на сопственикот и да не е постар од 6(шест)месеци;
>Договор за купородажба;
>Договор за дар;
>Наследно решение;
>Изјава за поседување на имот заверена кај нотар-дивограба