Историјат
Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” – Белчишта е локално јавно претпријатие формирано од Советот на поранешната општина Белчишта, со Одлука за основање, број 07-68/7, од 20.03.2000 година ( “Службен гласник на општина Белчишта”, број 18/2000 , заради организирано и квалитетно вршење на комуналните дејности и стопанисување со објектите на комуналната инфраструктура.
Со донесувањето на Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија ( “Службен весник на РМ”, број 55/2004 ), со кој од поранешните општини Белчишта и Мешеишта се формира општина Дебрца, основач на Јавното претпријатие е Советот на општина Дебрца.
Надлежности
Со Одлуката за основање Јавното претпријатие се основа за вршење на следните комунални дејности :
- Снабдување со вода за пиење, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на корисникот на услугата;
- одржување на јавна чистота, под што се подразбира чистење (миење и метење) на јавни површини, јавни и отворени простори на јавни објекти и чистење на снегот во зимски услови;
- собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад, под што се подразбира собирање, селектирање, транспортирање и депонирање на уредени депонии;
- депонирање на индустриски отпад и штетни материи,под што се подразбира собирање, транспортирање и депонирање на отпадот на уредени депониои, како и одржување на депониите;
- одржување, чистење и користење на паркови,зеленило, парк шуми и рекреативни површини, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки;
- одржување на сообраќајна сигнализација на улици и општински патишта, под што се подразбира нејзино редовно и инвестиционо одржување;
- изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор;
- одржување и користење на пазар, под што се подразбира изградба, одржување на објектите и просторот на истите;
- одржување на комунални уреди, под што се подразбира одржување во функционална состојба на чешми, фонтани и други комунални уреди и опрема ;
- ерадикација на животни –скитници, украсување на населените места, одржување на јавни санитарни јазли, аерозапрашување, дезинфекција и др.
Со Одлуката за дополнување на Одлуката за основање на Јавното претпријатие, број 07-1787/9, од 26.11.2014 година, донесена од Советот на општина Дебрца ( “Службен гласник на општина Дебрца” , број 12/14 ) Јавното претпријатие ги врши и следните дејности :
- управување со спортски сали, под што се подразбира одржување на просторот и објектите, редовно инвестиционо одржување, давање нас содветни услуги и утврдување на начинот на негово користење ;
- погребални и придружни услуги.
Статут на Јавното претпријатие
Статутот на Јавното претпријатие за вршење на комунална дејност “Дебрца” – Белчишта, со кој поблиску се уредуваат организацијата, уредувањето и раководењето со претпријатието, дејноста, општите акти и постапката за нивно донесување, информирањето, планирањето, како и други прашања од значење за комуналното претпријатие, Управниот одбор на Јавното претпријатие го донесе на седницата одржана на ден 03.04.2001 година.