Select Page

Историски Споменици

Спомен обележја во општина Дебрца

Оровник

Марко Тасев Нестороски бил бравар од Охрид. Роден е во 1914 година во село Пешкопеа, Албанија. Спаѓал во видните приврзаници на антифашистичкото движење. Во септември 1943 година стапил во НОВМ во Дебрца. Од формирањето на Правата македонско-косовска ударна бригада бил во нејзиниот состав. Загина во Февруарскиот (Богомилскиот) поход во средината на февруари 1944 година во с.Барбарос. СИЗ за вработување од Охрид погинал објект во с. Оровник за производство, за обучување и прекфалификување на работници. Му го дале името “Марко Нестороски” и во неговиот парк подигнат е спомен биста на Марко Нестороски по иницијатива на Вани Василевски. Меѓу тоа, објектот не се показал успешен, па му го отстапил на ГП   “Трудбеник”. Името на Марко Нестороски го носи улицата во која што живеел во Охрид.

Горенци

Во чест на паднатите борци во Илинденското востание и НОБ е издигнат споменик во средината од селото Горенци. На плочата од споменикот назначени се 1903, 1943 и 1983 година.

Требеништа

Се боревте, загинавте, но останвате незаборавени- стои на спомен плочата на споменикот во средината на село Требеништа, кој е издигнат во чест на паднатите борци на НОВ. Тоа се: Бутески Н. Никола 1921-1945, Бутески Р. Кузман 1924-1945, Ѓорески И. Анастас 1926-1945, Јордески И. Владе 1921-1945, Мувчески И. Ангеле 1926-1945, Мувчески Т. Дуко 1922-1945, Настески К. Насте 1922-1944, Петрески В. Ристо 1921-1944, Сидороски М. Ѓорѓија 1924-1944, Целески Т. Стојан 1925-1945. Починати од последници на војната: Јованоски К. Ило 1924-1954, Муроски Ј. Војдин 1917-1945 и Шутароски С. Никола 1923-1947.

Волино

1.На средина од селото покрај речното корито на Сатеска, по повод 100-годишнината од формирањето на ВМРО и 90-годишнината од Илинденското востание, на самиот ден Илинден во 1993 година, се откри споменикот Илинден. На споменикот се наоѓа бакарна плоча на која е  е напишан следниот текст: Духот на Илинден 1903 е вечен, а на мермерната плоча е претставен симболот на комитската заклетва.

2.На местото од стариот селски бунар во средина на селото Волино е изграден спомен-плоча со бисти на кои се испишани имињата на паднатите борци во НОБ за време на Сремскиот фонд. Тоа се : Лазар Б. Тупанчески (1928-1945), Крсте Н. Трпоски (1920-1945), Петре Л. Андроникоски (1920-1945) и Тане Е. Короскоски (1926-1945). Ова спомен обележје се подига во знак на сеќавање на паднатите борци и жртвите на фашизмот во НОБ  а по повод 40 години од АСНОМ.

Мешеишта

1.Во центарот на селото Мешеишта се наоѓа споменик на паднатите борци во НОВ. На споменикот е аплицирана спомен- плоча на која се испишани имињата на паднатите борци  и текст со посвета, кој гласи:  “Вашата младост се вгради во темелите на слободата за Македонија, вие отидовте но живеете со  нас”. Тука се следните борци: Ѓорѓија Т. Ѓорѓиески (1925-1944), Илија М. Ковачески (1922-1944), Арсе У. Србиноски (1924-1944), Ѓорѓија С. Карамешиноски (1923-1945), Ѓорѓија Р. Ќулукоски (1922-1945), Спасе М. Аврамоски (1924-1945), Стрезо Н. Стрезоски (1920-945), Ристо Д. Бушиноски (1926-1945), Панде Ј. Калески (1925-1945), Наум М. Наумоски (1924-1945), Стојан Д. Којоски (1920-1945), Ристо Ѓ. Крстаноски (1922-1945).

2.Спомен-плоча е поставена на куќа во с. Мешеишта во која што на 7- ми Септември 1944 година бил формиран Првиот околински комитет на КПМ за Струшко.

Покрај клисурата на р.Сатеска

1.Три месеци од (од 9ти Септемви до 5ти Декември) во 1943 година Дебрца е првата слободна територија, т.е првата македонска  слободна партизанска република. Тука било и седиштето на ГШ на НОВ и ПОМ и на ЦК на КПМ,  од таму ГШ на НОВМ го има издадено историскиот “Манифест”, и на целата територија се избрани селски и општински народноослободителни одбори, како и Околински народен одбор. Во Дебрца се одржало и првото свештеничко собрание за возобување на Охриската архиепископија кое формирало  Околиско архијерејско намесништво. Исто така отворени се и првите основни училишта на Македонски јазик, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада, се вршело регрутирање на военоспособните односно бил организиран целокупниот живот на подрачјето. Главен стражар на слободната територија од јужна и северна страна бил ПО “Славеј”, кој од дсната страна при влезот на клисурата Сатеска одкај Мешеишта, на една голема табла испишал: “ Стој! Тука е слободна територија”. Во чест на ова е подигнат споменик.

2.Покрај клисурата на реката Сатеска,од левата страна на патот Охрид- Скопје на околу 500м. пред селото Ботун се наоѓа споменик од бетон. Во средината на посебна мермерна плоча е испишан следниот текст: Друмници- намерници! Стапнавте на земјата од востаничка Дебрца- првата слободна територија во поробена Македонија. Запомнете ги ридјево, планиниве, долиниве, рекиве… Натопени се со нашата младостинска крв што ја пролеавме на стражата на револуцијата на слободата на македонскиот народ и народностите. ЗАПОМНЕТЕ!

Ботун

Спомен-чешма, се наоѓа во центарот на селото Ботун. Споменикот е граден од бетон со повеќе архитектонски обликувања и функционалности. На издигнатото плато од бетон е изградена чешма на која е поставена спомен –плоча со текст на посвета и имоња на паднатите борци во НОВ од с.Ботун. Во народноослободителната борба од 1941 до 1945 година загинале: Ѓорѓија Ј. Митрески (1920-1943), Ристо Н: Стефаноски (1910-1943), Лазар Б. Секулоски (1922-1943), Веле Д. Новески (1914-1943), Паско К. Павловски (1924-1943), Трајан Ј. Митрески (1923-1944), Јован С. Целески (1981-1944), Трајан С. Танески (1923-1944), Јордан А. Анѓелески (1889-1944), Јонче Р. Митрески (1883-19450. Загинати со Херојска смрт во Илинденското востание се : Ристо П. Силјаноски (1887-1903), Ристана П. Силјаноска (1852-1903) и Ристо Ѓ. Митрески (1853-1903).

Злести

Во селото Злести во центаот е спомен- чешмата со плоча на која се испишани имињата на паднатите борци во Илинден и НОБ. Тука пишува :

На темелите од старото школо изградено во Илинденското за учење на децата на мајчин јазик се подигна спомен чешма на паднатите  борци од с.Злести за Илинденското востание и Нов

 Нове Велјаноски                                                         1871-1903

Христо Ќосевски                                                                   -1903

Климе Ѓ.Велановски                                                   1880-1904

(Злестовчето)

НОБ

Андон С. Силјаноски                                                   1922-1944

Јоне С. Дескоски                                                          1923-1944

Никола И. Дескоски                                                    1926-1944

Васил М. Попоски                                                        1920-1945

Јонче Т. Нестороски                                                   1926-1945

Дејан В. Делјаноски                                                    1915-1945

Белчишта

1.Во непосредна близина на село Белчишта, лево од патот с.Ботун-Белчишта се наоѓа споменик на височина што доминира над околината. Подигнат е во 1958 година. Споменикот е поставен на бригадите на братството и единството, што дејствувале на подрачјето на Дебрца и Западна Македонијаи на народот кој актицно учествувал во НОВ. На плочата на споменикот пишува: Овде борците учесници во борбите на славна Дебрца и учесниците на VII младински марш по славните врвци 67 го одржаа  големиот час по историја. Овде во еден глас сите се заколнавме: нашето славно минато е најсветлиот и најдобриот патоказ кон нашата поубава иднина. На плочата пред споменикот на земја пишува: На партизанските одреди и народноослободителната војска на Македонија што со крв, срце и богатство на Југословенските народи, се бореа за изгревот на нашиот голем ден.

  1. Во центарот на селото Белчишата има спомен-чешма со плоча на која се напишани имињата на паднатите борци и жртвите на фашизмот на НОВ, и тоа: Стојан Н. Најдески (1919-1943), Стојан Р. Суклоски (1920-1943), Трајче С. Дојчиноски (1920-1943), Киро Т. Митрески(1925-1946), Богдан И. Стојкоски (1914-1946) и Богоја С. Николоски(1918-1943).
  2. На старата зграда од основното училиште во Белчишта се поставени две спомен- плочи. На левата страна пишува: Во оба училиште во септември 1943 година членот на Обласниот коммитет на КПЈ Димо Гаврилоски- Перо го формира Првиот околински комитет на КПЈ за територијата на Дебрца, Малескија, Дримкол, Струга и Струшко Поле. На плочата од десната страна испишан е следниот текст: На 1.XI.1945 година во оваа зграда почна со работа Првата осмолетка во Охридско. Во чест на 30- годишната спомен плоча ја откри I и II  генерација.

3.На селските гробишта се  наоѓа и спомен- гроб на паднатиот борец Трајче Дојчиноски. Тој во НОБ бил вклучен во 1941 година од Петре Пирузе. Трајче Дојчиноски е еден од првите партизани кои излегоа од Белчишта на 1 мај 1943 година. Загина храбро кај с. Карбуница, Кичевско. Неговото име го носеше и земјоделската задруга во Белчишта.

  1. Во Белчишта се наоѓа спомен-плочата поставена на куќата на Методија Ставревски,но порано била од Трајче Дојчиноски. Оваа плоча е поставена на првиот партиски состанок за Охридската околија, одржан во јануари 1942 година, на кој присуствувале Петре Пирузев- Мајски и Кузман Јосифоски –Питу.

Лешани

1.Во Лешани во “Српница”  е изграден споменик посветен борбата на Првата македонско-косовска ударна бригада со бугарска окупаторска војска на 29.IV.1944 година и паднатите борци во таа борба. На плочата пишува: На ова место на 29-04-1944 во борбата на I-та М.К.Н.О.У.Б со бугарската окупаторска војска, погинаа за слободата. Зоре Алексоски с.д. Добреноец, Дуке Гигоски с. Мелничани, Миќо Гилиќ полит.ком.на к.г.б., Игне Костоски с. Мелничани, Јосиф Нахмијас Скопје, Амет Рахимоски с. Челопеци, Стојан Стојаноски Кичево, Мане Силјаноски с. Лисичани, Ѓорѓи Штејроски Битола.

2.Во Лешани се наоѓа и спомен гробот на свештеникот Васил Попангелев (1861-1903) кој бил старешина во манастирот “Си Свети”, во одбрана на збегот во “Српница”  храбро го положил својот живот во нерамна борба со турскиот аскер за црковна и национална слобода на македонскиот народ во Илинденското востание.

Велмеј

1.Во западниот дел на селото Велмеј е изградена спомен-чешма “Исток” од која тече бистра изворска вода од 18 дулци, поветена на паднатите борци во НОБ.

  1. Во близина на чешмата во село Велмеј изграден е споменик со спомен-плоча посветен на паднатите борци во НОБ од селото. Тоа се: Борис М. Пачески, Богоја Л. Милески, Ламбе П. Новески, Иван Ќ. Пашоски, Најде Т. Кочоски, Ристо Ц. Божиноски, Богоја Ц. Ставрески, Славе М. Николески, Наум Ј. Илоски, Коле Ц. Николески.

3.Во селото Велмеј во непосредна близина на училиштето изграден е споменик посветен на Охридско- струшката НО бригада на кој е испишан следниот текст: На 1 Септември 1944 година, Овде е формирана Охридско –струшката НО бригада.

  1. Во месноста Крапчи Дол во село Велмеј на една круша била поставена спомен –плоча кој сега е отстранета, но не се знае од кого и зошто, посветена на народниот херој Гилиќ Милош- Миќо. Роден e во 1918 година во Подгорица, Црна Гора. Неговата фамилија се преселила во с. Витомирица кај Пеќ. Студирал технички факултет во Белград, а како гимназист станал член на КПЈ и како таков бил еден од главните организатори на НОБ во Пеќка околија. Во јуни 1942 година бил затворен, имал цврсто држење, па од Пеќ бил префлен во тиранскиот затвор , откаде во јануари во 1943 година бил одведен во призренскиот затвор, а на 25 ти март 1943 година избегал, па ја продолжил својата партиска активност. Станал член на Обласниот комитет на Косово. По извршените добиени задачи во Малесија, дошол во Македонија и постанал политички комесат на косовските баталјони при I МКУБ. При враќањето на I МКБУ од Егејска Македонија, по пробивот на непријателскиот нобрач во “Српница” , бил убиен од бугарските окупатори на постот на раскрсницата на патот од “Српница” за с.Брежани на 29 април 1943 година. За народен херој е прогласен на 9.X.1953 година.

Ново Село

Во селските гробишта во селото Ново Село е спомен гробот на падниот борец Никола П. Божиноски 1918-1943 година.

Црвена Вода

1.Во Црвена Вода е изградена спомен-чешма со плоча на паднатите борци во Илинден и во НОБ. На спомен-плочата наведени се загинатите со херојска борба во Илинденското востание 1903 ( Маркоски Миладин 1888-1903, Ристески Наум 1875-1903, Деспотоски Тане 1873-1903) и загинатите во НОБ и умрени борци од последиците на НОБ 1941-1945 (Стојаноски Цветко 1920-1943, Филчески Велјан 1916-1944, Јорданоски Момчула 1911-1943, Нестороски Русе 1911-1944, Алексиќ Радослав (Косово) 1922-1943, Нестороски Русе 1926-1945, Спасески Блаже 1914-1943, Јосифоски Никола 1911-1943, Ристеска Зорка 1925-1944, Наумоски Илко 1912-1944, Илоска Књигена 1907-1944, Митреска Конка 1912-1944, Петреска Форинка 1910-1944, Велјаноски Ламбе 1914-1944, Петреска Стефанка 1909-1944, Србиноска Крста 1904-1944 и Нестороска Цимана 1904-1944.

2.На 29.XI.1984 во село Црвена Вода, откриена е спомен-биста во знак на почит кон Трајче Трајчески, првоборец, јунакот од Волшебното самарче.

  1. На училишната зграда во село Црвена Вода е поставена спомен-плоча, во која во октомври 1943 година бил издаден Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија до македонскиот народ повикувајќи го во сестрана борба против фашистичките окупатори.

Караорман

На Караорман е изграден споменик во чест на формирање на Шестата Македонска НОУ бригада на чија плоча пишува: На 6 септември 1944 година на ова место во пазувите на вечно бунтовниот и непокорен Караорман го развиоре своето борбено знаме и се формира Шестата Македонска НОУ Бригада .

 

Песочани

Во Песочани е изграден спомен-гроб во кој се наоѓаат посмртните останки од Перо Перовиќ, борец од Првата македонско-косовска ударна бригада, кој загинал на на ова место на 6 мај 1944 година во борба со германските окупаторски војски  и со балистичките банди.

Издеглавје

1.Во село Издеглавје е изградена Спомен-чешма со пет плочи на која е напишано:

  • Формиран е Околиски народен одбор во октомври
  • Одржан е митинг за Дебрца и Малесија на 3 ноември 1943 год
  • За слободата, своите животи ги дадоа:

Китаноски Серафим

                              Гиноски Арсе

                              Трифуноски Арсе

                              Сиљаноски Наум

                              Савески Стојан

  • Формирано е едно од првите училишта во НОБ во октомври 1943 год
  • Формирана е команда на местото на 6 октомври 1943 год.

2.На 21 октомври 1943 година, во куќата на Јонче Николоски во село Издеглавје Дебрца, е одржано Првото свештеничко собрание во првата и единствена  ослободена партизанска територијаво окупирана Македонија за време на НОБ.

На Првиот свештенички собор,Триесетте народни свештеници,изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, била донесена одлуката за возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, што претставува завршеток на вековна борба на македонскиот народ за здобивање со своја независна и самостојна Православна црква. Според одлуките на соборот, откажна е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија , а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Свештениците и македонските христијани биле повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Тогаш е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво,а за прв намесник е поставен заслужниот деец  и учесник во НОВ Антим Поповски. Потоа слични иницијативи биле покренати и од другитен македонски свештеници во уште неослободените делови на Македонија, подготвувајќи го теренот во својата слободна татковина да се организира православна црква на македонскиот народ. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983година е откриена спомен-плочата.

 

Оздолени

Во центарот на селото Оздолени е спомен-плочата во која се напишани имињата на паднатите  борци во Илинден и НОБ. За време на Илинден се: Бимбил Маркоски, Блаже Смилески, Ѓорѓија Трпчески, Јонче Шишкоски, Мицко Богданоски, Најденко Ѓоргоски, Николче Трпчески, Саве Богданоски, Саве Тодороски, Симјан Трпчески, Стојан Ѓоргоски, Темелко Велјаноски, Цветко Шулески. Борци кои паднаа за слободата во текот на НОБ се: Ванко Шулески, Ѓоргија Тодороски, Јонче Стојаноски, Ристо Донески, Ристо Шулески, Ставре Настоски.

Слатино

По повод одбележувањето на 100 години Илинден 1903 и 62 години од оруженото востание од 11 октомври 1941 година се подигнаа и открија шест спомен-обележја. Тоа се:

  1. Спомен плоча со чест на 75-те учесници слатинци во Илинденското востание 1903 година, на која е напишано: 100 години Илинден (1903-1944-2003), Во големата Илинденска епопеја учествуаа 75 слатинци. Во спомен на 16 убиени и 20 страдалници испратени во Дијар Беќир, 9-мина умреа по најдолг пат. Вечна им слава и благодарност.
  2. Спомен-плоча посветена на партизанската болница. Во спомен на партизанската болница на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и борбениот поход на Првата македонска-косовска ударна бригада од Егејска Македонија.
  3. Спомен плоча на паднатите борци во НОАВМ од 1941-1945 година. Вие кои ги дадовте своите животи за слободата на татковината секогаш ке бидете слава и гордост. Ѓорѓи М. Блажески 1923-1944 Ристо Ј. Велјаноски 1922-1944 Доне Л. Колоски 1922-1944 Ристо С. Стојкоски 1926-1944.
  4. Споменик на паднат борец на чија плоча пишува: Загина за МАКЕДОНИЈА Игор М. Костески 1975-2001 водник во АРМ Загина за одбрана на татковината во заседа од албанските терористи на 28.04.2001 година кај с.Вејце-Тетовско
  5. Спомен-плоча по повод 60 години од Првото свештеничко собрание. Во оваа куќа се родил и живеел ерејот ставрофор Антим Попоски (1902-1987) борец за духовна и национална слобода на македонскиот народ. Плочата се поставува по повод 60г. од свештеничкото Собрание во Издеглавје во 1943 година. Од Светиот архијерејски синот на Македонската православна црква (5.X.2003 г.).
  6. Спомен-плоча посветена на паднатите илинденци стрелани од српскиот окупатор , а тоа се: Војводата Поп Ѓоргија Попоски и комитите Ангеле Костески и Ристе Тодороски.

 

 

 Славеј планина

На полјанката на самиот врв Славеј на планината Караорман се наоѓа споменик. Граден е од бетон, во форма на пирамида, а на предната страна има спомен плоча со текст: На ова место на 18.VIII.1943 година била формирана првата првата регуларна воена едниница на НОВ И ПОМ, баталјонот “Мирче Ацев” од партизанските одреди “Даме Груев”, “Димитар Влахов”, “Ѓорче Петров” и од новодојдени борци од овој и од други краишта на Македонија.

Лактиње

1.Во центарот на селото Лактиње се наоѓа споменик, изграден во чест на паднатите борци.

  1. По повод 100-годишнината од Илинденското востание во центарот на селото Лактиње на 2-ри август 2003 година се откри споменик. На неговата плоча пишува: Сто години Илинден МАКЕДОНСКИ ВОЈВОДИ Дејан Димитров-Мицкоски Лактиње,1873-1910, Песочан; Смиле Војданов-Војнески Лактиње,1872-1958,САД.

Годивје

Во центарот на селото Годивје  е изградена спомен-чешма посветена на паднатите борци за слободата на Македонија. На плочата е испишан следниот текст: За слободата на Македонија во НО АВМ животите ги дадоа: Љубе Ј. Крстески 1925-1944 Митушко А. Савески 1920-1944 Нестор К. Јаковчески 1906-1944 Петре Д. Секулоски 1923-1944 Трајче Т.Сколоски 1910-1944.

Сливовски Анови

Основното училиште “11-ти Ноември” во Сливовски Анови е спомен- училиште. Подигнато е како траен споменик за настананите во НОВ и признание за населението од територијата на Дебрца за нивното активно учество во Народноослободителната војна. На ѕидот од училиштето пушува: Спомен основно училиште 11 Ноември. Посебно е посветено во чест на отпочнувањето на првите  основни училишта на слободната територија Дебрца во 1943 година.

Сливово

1.За задушување на Илинденското востание, во Дримкол и во Струшка Малесија турскиот аскер презел ригорозни мерки. Населението и четите побарале засолниште во планините, а дел и преку Караорман и во Горна Дебрца. На 6 ти август четите од Дримкол, во од Струшка Малесија и од Горна Дебрца воделе нерамна борба во сливовската месност „Горица“, каде што, според Христо Узунов, животите ги дале: Насте Митрев (с. Драслајца), Кр. Тасев, Наум Тасев, Исак Стрезов (с. Таш Маруништа), Наум Нелов, Панде Мартинов, Јос. Јовев, Милош Дуков, Сре. Дуков, Јонче Христов (с. Глобочица), Косто Велков (с. Луково) и Крсто Павлев (с. Безево). Паднатите биле погребани во дворот на сливовската црква „св. Атанасие“, именуваќи ги како „Малесорци“. Во 1992 година е подигната спомен-костурница на чија плоча пишува: На востанатите Малесорци 1903 паднати во овојк крај за слободата на Македонија, со длабока почит. Спомен-костурницата е возобновена, на чија плоча пишува: Вечна слава на бостанатите Малесорци 1903 паднати во овој крај за слободата на Македонија.

2.На зградата од железничката станица  во с. Сливово се наоѓа спомен-плоча, посветена на партизанскиот одред „ Даме Груев“, кој првпат во 1943 година од оваа станица тргнал со воз во напад на фашистичката власт во с.Арбиново. На таа плоча пишува: Од оваа железничка станица користејќи ја железницата за прв пат, партизанскиот одред „Даме Груев“ 1943 година изврши напад на фашистичките органи на власта во Арбиново. Денес оваа железничка станица не постои, нејзината зграда е во распаѓање, па спомен плочата е тргната и се наоѓа во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен Музеј –Охрид.

3.Во центарот на селото Сливово се наоѓа спомен чешма со мозаик, посветена на настаните од Илинденскиот период и НОБ. Се состои од централен ден на кој има аплицирано спомен –плоча со соодветен текст на посвета, а лево и десно од централната градба се наоѓаат паноа од бетон на кои има мозаична површина со тематика на настаните од Илинден, од левата страна и за НОБ од десната.

  1. На зградата од училиштето „Руме Наумоски“ во село Сливово поставена е спомен-плоча како сеќавање на формирањето на Првата македонско-косовска бригада на 11.XI.194 година.

Мраморец

Во близина на црквата во слободен простор во село Мраморец на носач е поставена спомен-плоча, посветена на паднатите  борци во НОБ од селото.

Во знак на длабока почит и благодарност кон другарите:

  1. Србин М. Стојаноски
  2. Милан К. Ристески
  3. Стојан Т. Лазороски
  4. Тренко Р. Наумоски
  5. Карафил Т. Карафилоски
  6. Темелко С. Стојкоски
  7. Цветан Т. Божиноски
  8. Сидор Т. Николоски
  9. Тимјан П. Николоски
  10. Ѓоргија С. Маркоски
  11. Силјан Г. Маркоски
  12. Илија Т. Наумоски
  13. Трајче Ј. Костадиноски

-Сите од село Мраморец- што загинаа за слободата во Народната револуција во текот на 1943-1944. Ја подига оваа спомен плоча Друштвото пријатели на родното место село Мраморец „5-ти декември“, заедно со жителите на селото, а со помош на општествено-политички и работни организации и поедници.

Турје

1.Во селото Турје е издигнат споменик во чест на паднатите борци во Илинден и НОВ  во влезот на гробиштата. На плочата пишува:

Слава им на загинатите борци за слободата на Македонија

1903год., Илинденското востание

Јанкулоски Столе, Костадиноски Спасе, Петрески Алексија, Филипоски Велјан, Митрески Јован, Трпески Стеван, Милошеска Крстана, Матески Трпче.

1943-1944 год., во НОВ

Јованоски Анде 1919-1943, Кузманоски Иванчо 1916-1943, Костоски Стојко 1925-1944, Дамјаноски Методија 1919-1944, Јованоски Смиле 1924-1945.

Жртви на фашизмот и теророр

Стојаноски Петре 1885-1943, Стојаноски Лазор 1911-1943, Вељаноски Димко 1900-1943, Здравевски Петре 1910-1943.

Споменикот го подигна народот на село Турје, 1976 год.

  1. Во Турје во чест на паднатите борци во НОБ има спомен-чешма со плоча на која пишува:

На паднатите борци и жртви во НОВ од Турје

Јованоски Настов Андре, Јованоски Настов Смиле, Кузманоски Јакимов Иванчо, Костески Спасев Стојко, Дамјаноски Стојанов Методија, Стојаноски Јолев Петре, Здравевски Алексија Петре, Стојаноски Петрев Лазор, Велјаноски Иванов Димко. Се подига оваа спомен плоча како вечно признание и сеќавање на нив.

Врбјани

  1. Во средината на селото Врбјани се наоѓа споменик. Граден е од кршен камен во форма на купа, а на шпредната страна е аплицирана спомен-плочата на која се напишани имињата на паднатите борци во НОБ од селото и текст со посвета. Во 1950 година на овој споменик стоела спомен-плоча со следната содржина:

Во ова село во борбата против соединетите окупатори во 1943 и 1944 година за слободата на нашите народи паднаја во рацете К. Мирче, Г. Аспарух, С. Јанче, Б. Ванчо, М. Драгане, Ј. Стојан, А. Киро, З. Змејко, Т. Стојко, Т. Темелко, С. Силјан, В.Јовче, К. Ѓоргија, К. Миленко, М. Ангеле, Л. Здравко и В. Спасе. На вашиот пример идните поколенија ќе учат како се здобива, брани и чува слободата.

Подоцна првата спомен-плоча е заменета со сегашната, на која пишува:

Во четиригодишната НОАВМ (1941-1945)од ова село згинаа 12 борци и 8 жртви на фашистичкиот терор.

Борци на НОАВМ: Аспарух Гаврилоски, Ванчо Митрески, Мирче Калајџиески, Киро Алексоски, Драган Матески, Силјан Серафимоски, Земјко Змејкоски, Стојан Стамески, Иван Божиноски, Стојче Темелкоски, Јанче Серафимоски, Темелко Танаскоски.

Жртви на фашистичкиот терор: Анѓеле Мојсоски, Миленко Николоски, Ѓоргија Крстаноски, Спасе Војнески, Здравје Јовчески, Спиро Силјаноски, Јонче Силјаноски, Стојан Ѓоргиоски.

  1. Во селото Врбјани веднаш до магистралниот пат Охрид-Кичево, од левата страна, се наоѓа споменик на паднат борец. По паѓањето на првата партизанска жртва по заминувањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, т.е. по реокупацијата на Дебрца, Кочо Миленку- Сашо, бил погребан на гробиштата во црквата „Св. Танасија“ во Сливово, од каде што неговите посмртни останки му се пренесени во родниот град Крушево, каде што се наоѓа неговата спомен-биста во дворот на „Златарницата“.