Select Page

 

ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА СОВЕТОТ

 

Советот на општината е претставнички орган на ѓраѓаните.

Советот на општината го сочинуваат11 претставници на граѓаните избрани на општи,непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на совет трае 4 (четири) години

Членот на советот неможе да биде одповикан

Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани или повремени комисии.
Членовите имаат право на седницата на Советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на Градоначалникот.
Членот на Советот неможе да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот.
Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кој е член.
Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи во согласност со овој Закон.

Членот на Советот неможе да учествува во процесот на одлучувањето со прашања во кои тој и неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или други личен интерес.
Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кој тој има финансиски или друг личен интерес.
Членот на Советот, неможе да биде вработен во општинската администрација на Општината во која е избран.
Со денот на вработувањето согласно став 3 на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднел оставка.
Членот на Советот вработен во јавните служби кои ги основала Општината, неможе да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

На членот на Советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран:

  • ако поднесе оставка;
  • во случај на смрт;
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над 6 месеци;
  • ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно со Законот за локалните избори;
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и
  • ако престане да биде жител на Општината.

Советот на првата наредна седница, ќе ја констатира причината и денот на престанување на мандатот на членот на Советот

 

КОМИСИИ НА СОВЕТОТ СЕ:

  

1.Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој

а) претседател

Марјан Лошкоски

             

б) членови

             1)Иван Стрезоски

             2)Жаклина Дичоска

2.Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина

а) претседател

Елена Наумоска

б) членови

1)Дарко Јордески

2)Даниел Тороманоски

  1. Комисија за општествени дејности

            а)  претседател

Жаклина Дичоска

б)  членови

1) Никола Секулоски

2) Даниел Тороманоски

  1. Комисија за статут и прописи

            а)  претседател

Жаклина Дичоска

б)  членови

1)Дарко Јордески

2)Даниел Тороманоски

  1. Комисија за земјоделие и сточарство

            а)  претседател

Дарко Јордески

б)  членови

1) Марјан Лошкоски

2) Горан Мајстороски

6.Комисија за месна самоуправа, одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија

            а)  претседател

Жаклина Дичоска

б)  членови

1)Елена Наумоска

2) Никола Секулоски

7.Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

а) претседател

Жаклина Дичоска

 б) членови

1) Елена Наумоска

2) Дарко Јордески

3) Никола Секулоски

4) Иван Стрезоски

 

  1. Комисија за мандатни прашања, избори и именувања на советот на општина Дебрца

Марјан Лошкоски – Претседател ;

Иван Стрезоски – Член ;

Жаклина Дичоска – Член.