Select Page

Природни Ресурси

ХИДРОГРАФИЈА
Територијата на општина Дебрца се одликува со поголем број на водни акумулации, реки и извори . Секако, дека најголема е реката Сатеска, која зафаЌа 39,36 % од вкупната поврШина на сливот на Охридското Езеро. Сливното подрачје на реката Сатеска опфаЌа 420 км 2 и во истото постојат следните водни ресурси : Врбјанска река, Сливовска река, Годивска река, Мраморечка река, Брежанска река, Илинска река, Српница, Злетоска река, Ботунска река и Требенишка река . Поројни реки во општината се Црна и Слатинска.
Значаен воден ресурс за општината е Слатинско Езеро . Слатинското Езеро е вештачка акумулација, која е изградена во 1963 година. Се напојува со вода од Мраморечка река и е со вкупна зафатнина од 1.400.000 м3 и висина на браната од 15.5 м. Водите од ова езеро се користат за наводнување на земјоделските површини во Слатинско, Издеглавско и Оздоленско поле, со вкупно 420 ха , но и за спортски риболов и туризам . Квалитетот на водата во езерото е на највисоко ниво бидејЌи не постојат никакви органски или неоргански загадувања. Од другите акумулации треба да се споменат акумулацијата на браната Песочани , на која е изградена хидроцентралата ,,Песочани,, како и природната акумулација кај селото Требеништа .
Мошне интересен хидрографски објект на подрачјето на општината е блатото помеЃу селата Белчишта и Ново Село, познато како Белчишко блато или ,,Сини Вирој,, и кое преставува реликтен остаток од некогашното Десаретско Езеро , со кое Дебрца била поплавена во плиоцентот. Со повлекување на Десаретското Езеро, по должината на реката Сатеска останале бројни ендемични видови растителен и животински свет да егзистираат и понатаму во водите на блатото “Сини вирој”. Белчишко Блато е најголемото сочувано водно станиште во Македонија, со површина од околу 0,5 км2. Подрачјето на блатото се користи од околните жители за напасување и поење на стока, косење, рибарење, ловство и рекреација (место за пикник).
Не постојат детални податоци за биолошките и физичките карактеристики на блатото, ниту пак во моментот постои законска обврска за негова заштита. Според Стратегијата за биодиверзитет и акционен план на Република Македонија од 2004 год., предвидено е прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје и истата мерка е класифицирана во приоритетите од првостепено значење.

ШУМСКИ ФОНД

Подрачјето на општината според своите релјефни карактеристики опфаЌа значаен дел на шумовити терени. На територијата на општината на шуми отпаЃа 50.45%.
Шумскиот фонд според податоците на Јавното претпријатие “Македонски шуми”, подружница Галичица Охрид е составен од горска букова шума која се протега на 5229,88 хектари, потоа подгорска букова Шума (92451,85 ха), букова шума (1157 ха), даб горун (11925,85 ха), даб плоскач и цер (3242,82 ха), Querco ostryetum (42 ха), Querco carpinetum orientalis (607,5 ха) и бор (28,4 ха) и на просторот на општината претставува мошне значаен еколошки и стопански ресурс. Околу 90% од шумите се во државна сопственост. Согласно урбанистичките планови во однос на шумарството се констатира да се стави посебен акцент на пошумувањето на голетите, подобрување на видот и составот на шумите, односно збогатување и зголемување на шумскиот фонд во целост, што од друга страна Ќе придонесе за подобрување на микро климата и амбиеталното пејсажно оплеменување на регионот. Површината на новонаседени Шуми според податоците на Јавното претпријатие “Македонски шуми” за 2004 година изнесува 60 хектари и тоа 68 000 стебла дуглазија и 2000 стебла ела. Во периодот од 1999 година до 2003 година вкупно се засадени 184000 стебла дуглазија и 99000 стебла ела на вкупна поврШина од 300,2 хектари. Во 2008 година, во рамките на акцијата “Ден на дрвото” беа засадени 42.000 стебла ела, дуглазија и кедар на локациите кај село Требеништа и Славеј планина.
Во атарот на поранешната општина Мешеишта, поточно во село Требеништа, во местото викано “Алистрата”, во К.О Требеништа постои групација на костенови дрва (лат.име castanea sativa) кои се единствен природен резерват на оваа територија кој треба да се сочува, со површина од 15 хектари .

РУДНИ БОГАТСТВА
Рудните резерви на подрачјето на општината се неистражени. Регистрирани се наоѓалишта и резерви на неметални минерални ресурси на два локалитета и тоа: глина во село Арбиново и травертин кај село Велмеј. Моментално се експлоатира само травертинот и тоа во 2004 година вкупно се ископани 1620 тони на травертин и во однос на 1999 година (648 тони) постои зголемување од два и пол пати. Регистрирано е и присуство на тресет, северно од селото БелчиШта, на поврШина од 15 ха, мермеризирани банковити и плочести варовници (Слатино и Мраморец ). Од металните руди регистрирани се појавите на бакарни руди во близина на с. Брежани, бокситни руди кај с. Сливово и хематитни руди.