Select Page

Сообраќај

АЕРОДРОМ

На територијата на општината Дебрца се наоѓа меѓународниот аеродром Св.Апостол Павле, лоциран на 9 км од градот Охрид, на магистралниот пат Скопје-Кичево-Охрид. Должината на полетно-слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраЌајот во периодот 1997-2003 година, се добива податок дека се искористува приближно 40% од расположливите сообраЌајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.

ПРЕВОЗНИЦИ И ТАКСИ СЛУЖБИ

 

МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНАТА

Низ  територијата  на  општината  поминува  еден  од  најзначајните  магистрални  патишта  – пат  од  регионално  и  меѓународно  значење   Скопје – Охрид – Албанија (М4, коридор 8) со должина од 36,8 км. Покрај магистралниот  пат  сообраќајната  инфраструктура  на  општината  ја  претставува  и  регионалниот  патен  правец 417:  Ботун – Белчишта-Велмеј,  во  должина  од  16.2 км.

ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

Вкупната должина на локалните патишта изнесува 107,8 км,од кои:

  • Асфалтирани се 82,7 км;
  • Макадам се 11 км;
  • Земјени се 5,6 км;
  • Непробиени се 8,5 км.