Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од пет членови, кои ги избира и разрешува советот на општината. Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор не може да биде подолг од четири години.
Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот.
Управниот одбор на јавното претпријатие:
- Го донесува статутот на јавното претпријатие;
- Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
- Ја утврдува деловната политика;
- Ја усвојува годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
- Одлучува за употребата на средства остварени со работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите;
- Ги донесува одлуките за инвестиции;
- Ги утврдува цените на производите и услугите;
- Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
- Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие
Надзорен одбор
За вршење контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие се формира надзорен одбор од пет члена. Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор не може да биде подолг од четири години. Членовите на надзорниот одбор ги именува, односно разрешува основачот, односно советот на општината.
Директор
Со работата на јавното претпријатие раководи директор, што го избира односно разрешува градоначалникот на општината, со мандат од четири години. Изборот се врши врз основа на јавен конкурс.