На подрачјето на општината Дебрца постојат повеќе археолошки локалитети:
- Археолошки локалитет Требенишка Некропола, Горенци, 8-4 век п.н.е. (откриени се златните посмртни маски);
- Археолошки локалитет Требенишко Кале, Требеништа, антички период;
- Археолошки локалитет Зла страна,Горно Средоречје,неолит;
- Археолошки локалитет Кутлина,Велмеј,неолит до 6-ти век;
- Археолошки локалитет Сува Чешма,Три Челусти и Вртулка, Горенци,8-4 век.п.н.е.;
- Археолошки локалитет Черепец, Годивје;
- Пештера Јаорец, Велмеј,трага од првобитни заедници.
Се претпоставува дека во рамките на Климентовата Епископија Велика (Дрембица) припаѓала и сегашната територија на Дебрца. Потврда за тоа се археолошките остатоци од триесетина раносредновековни словенски цркви и манастири.