Menu

Денес, под покровителство на градоначалниците на општините Дебрца и Демир Хисар, на Илинска Планина, кај Илинска црква се оддржа заедничка пензионерска средба на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца и Здружението на пензионерите Демир Хисар. На средбата присуствуваа пензионери од двете здруженија, како и гости од здруженија на пензионери од други места во Република Македонија и од збратимените здруженија на пензионерите од градот Врање, Република Србија и градот Поградец, Република Албанија.

 

На средбата со Претседателот на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески потпишавме Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и Здружението, со што ја формализиравме фактички воспоставената соработка. Во моето обраќање, на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца им го честитав јубилејот 68 години постоење, а на Здружението на пензионерите Демир Хисар, 50 годишниот јубилеј. Посебно истакнав дека пензионирањето од работа не значи пензионирање од општеството и дека пензионерите се и мора да бидат значаен чинител во нашето општество.Со своето акумулирано знаење, интелектуален капацитет, мудрост и искуство треба да ни помагаат на нас помладите, за добробит на сите граѓани. Со мислата за благосостојба на сите наши граѓани и за силна и просперитетна Република Македонија, на крајот на присутните им посакав здравје, исполнети пензионерски денови и желба оваа средба да прерасне во традиција, која ќе ја негуваме и збогатуваме. – истакна градоначалникот Ногачески.