Menu

Повик за поднесување на понуди (ППП)

 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-IPA-NCB-022-18

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  1. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за набавка на комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца
  1. Општина Дебрца во ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка  на  комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца да ги достават своите запечатени понуди.

  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 година, ревидирано во октомври 2006 година и мај 2010 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  1. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Дебрца и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 08:30 до 16:30 часот.

  1. Потребните квалификации вклучуваат:

 

  1. Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 100.000,00 ЕУР во било која од последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

  1. Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави референтна листа како и копија од  најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните три (3) години, за набавка на најмалку по едно(1) возило за секој лот поединечно . Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.

Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги и резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во ИП 17.1(b) и ИП 17.1(b) од ЛПП. Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван Агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со ИП 40.2.

  1. Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека стоката која ја нуди ги исполнува следниве услови за употреба: 

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

  1. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Дебрца, Адреса: с.Белчишта , Поштенски број: 6344 , Република Македонија и по плаќањето на неповратна такса од  3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП 50 образец, на следната сметка:

За плаќања во МКД – број на сметка

 

Народна банка на Република Македонија – број на сметка 100 000000063095

Уплатна сметка – 719014062263013

Приходна шифра и програма -725939 00

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса со назнака за кој лот се аплицира:

Адреса: Општина Дебрца

Број на кат/канцеларија: архива

Поштенски број: 6344

Република Македонија

не подоцна од:  12:00 часот на  20.08.2018

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 270.000,00 МКД

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу:

Адреса: Општина Дебрца

Бр. на кат – соба: Сала за состаноци

Поштенски број: 6344

Република Македонија

12:00 часот на  20.08.2018