Select Page
Решение за утврдена даночна основа за данок на промет на недвижности

Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Цвета Симеонова Филипоска
Телефон: +389(0)46286855
email: cvetasimeonova@yahoo.com
Работно време: 07.30-15.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на општина Дебрца по претходно потпишан пропишан образец во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  4. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на промет на недвижности;
  5. Решението за данок на промет на недвижности се подига во зградата на општина Дебрца во с.Белчишта
  6. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (законски пропишана форма);
  2. Договори за купопродажба( број на примероци наведени во договор или нотарски акт), одлуки на Суд и друг акт на пренесување на сопственост.
  3. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист);
  4. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.
Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 15 дена, ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена  даночна основа за данок на промет на недвижности

Постави прашање

  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.