Select Page

Деновиве интензивно работиме на пробивање на патот од Требенишкото Езеро до археолошкиот локалитет “Требенишкото Кале”. Патот со години не е прочистен и e обраснат со густа вегетација.
Првенствено го пробивме патот до новоизградената црква “Света Петка”, во должина од 600 метри.
До понеделник ќе ги допробиеме и другите околу 1,5 км од патот и ќе стигнеме до планинскиот врв “Габер”, односно до “Требенишкото Кале”, најпознатиот археолошки локалитет во општина Дебрца.
Овој град имал доминантна позиција со извонредно стратегиски можност за контрола на целото Струшко Поле и патиштата од Дебар и од Струга кон Пелагонија и од Кичевско кон Лихнид (Охрид). Комплексни културни хоризонти од архајското време до доцната антика, 6 век н.е., големата градска површина од 4.66 хектари, пак, укажувале на посебно значаен град кој секако бил еден од градовите во Десаретија.
Иако светски познат локалитет, сепак недоволно промовиран. Наша обврска е тоа да го промениме. – изјави градоначалникот Ногачески.