Со четири точки на дневен ред вчера заврши 17-та седница на Советот на Општина Дебрца.
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Дебрца за 2018 година
- Предлог – Одлука за одобрување приоритетен проект за користење на средства од потпроектот „Подобрување на условите за заштита на животната средина“
- Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Дебрца во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) 2
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко –планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект со намената на земјиштето
Со мали дискусии и без поголеми несогласувања, советниците ги изгласаа сите точки од дневнитот ред.