Поради одлуката на општина Охрид превозот на учениците до средните училишта во Охрид да се врши со редовниот општински линиски превоз, почнувајќи од 01 Септември беше укината посебната линија Охрид-Мешеишта-Волино-Охрид, со поаѓање од Охрид во 19.30 часот.
Согледувајќи дека тоа создаде голем проблем за нашите ученици, кои беа приморани да чекаат речиси по два часа за превоз, а постапувајќи по оправданите барања на засегнатите ученици и родители , како општина Дебрца се заложивме да го решиме проблемот и постигнавме договор со превозниците Пупе Компани и Омега Експрес линијата повторно да се оддржува.
Линијата повторно се активира од денес, 03.12.2018 година, во 19.30 часот и ќе се оддржува од понеделник – петок, во текот на траењето на учебната година.
Воедно, Ве потсетувам дека конкурсот за доделување на средношколски стипендии е во тек и трае до 14.12.2018 година.