Select Page

Селото Белчишта е сместено во котлината Дебрца и воедно представува административно седиште на Општина Дебрца,во околината на градот Охрид. Околни села се Ботун и Ново Село на запад и југозапад, Злести на југ, Горно и Долно Средоречје на исток, и Издеглавје и Песочани на север и северозапад. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото се наоѓале и селата Белчишта, Горно и Долно Средоречје и Злести. Од 1952-1955 во тогашната Општина покрај Белчишта се наоѓале и селата Ботун, Брежани, Велмеј, Горно и Долно Средоречје, Грко Поле , Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот од 1955-1965 селото било седиште на некогашната Општина Белчишта, а од 1965-1996, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Охрид.Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта.

Во 19 век, Белчишта се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство. Според податоците од 1900 година, во селото Белчишта имало 650 жители, сите Македонци христијани, а според други податоци во 1905 година во Белчишта имало 752 жители. Во 1948 година бројот на жители сеуште е во пораст 989, за да во 1953 стигне до 1,122, а во 1961 во Белчишта брои 1,203 жители. Во 1971 година наталитетот почнува да опаѓа и бројот на жители е 788, во 1981 изнесува 615 жители. Десет години подоцна во 1991 бројот на жители повторно е во пораст 620, во 1994 бројката се намалила на 489, а според истражувањата во 2002 бројот на жители во Белчишта е 437.

Белчишта е старо македонско православно село, си во него има многу староседелски родови, како и малку доселенички. Некои истражувања покажуваат дека во селото има два вида на родови.

  • Староседелски родови се: Каљушовци, Гредивци, Прлевци, Буљуковци, Шеќировци, Лупановци, Тошевци, Боцевци, Поповци и Бутевци.
  • Доселенички родови се: Таневци, доселени од селото Требеништа, Крчевци доселени од селото Слатино, Соколовци доселени се од селото Мешеишта, Чифлижановци и Василевци кои не го знат местото на старина.

Според некои истражувања во 1948 година родови во селото Белчишта се:

  • Староседелци: Таневци, Дојчиновци, Блажевци, Аировци, Стевевци и Боцевци, Зељаровци, Гредовци, Мицковци, Буљуковци, Мушевци, Нејковци, Опеловци, Кулевци или Циљковци, Гуцевци, Чечовци, Крчевци, Тошевци, Кочовци и Шаќировци.
  • Доселенички родови: Косарковци доселени се од селото Брежани, Рајчиновци доселени од селото Рајчица Дебарско, Лукачовци се доселени од Луково Дњбарски Дримкол, Малинковци и ти се доселени од Брежани, Веровци и Гушевци доселени се од Охрид.
  • Доселеници со непознато потекло: Букалевци и Китевци.
  • Роми :Максутовци доселени се од Кичево.

Селото Белчишта брои неколку цркви:

  • Црква Св.Никола-тоа е црква обновена во 1977 год. и во неа има зачуванао иконостас од 19 век.
  • Црква Св. Атанасиј -тоа е новоизградена црква на излезот од селото.
  • Црква Јован Крстител-параклис.
  • Црква Св.Василиј-параклис.

 Селска слава во село Белчишта е Танасовден.

Во Белчишта постојат и општествено административни,културни, здравствени и образовни установи.Под административни спаѓаат:

  • Општината
  • Месната заедница
  • Пошта
  • Полиција

Под здравствени установи во село Белчишта спаѓаат:

  • Амбуланта

Културни установи во село Белчишта се:

  • Уметничка галерија

Образовни установи во Белчишта е:

  • ОУ “Дебрца’’- Белчишта

Селото Белчишта е познато по Сините Вирој или како што го нарекуваат Белишко блато. Тоа претставува реликтен остаток од некогашното Десаретско Езеро, со кое котлината Дебрца била поплавена во плиоцентот. Со повлекување на езерото по должината на реката Сатеска, бројни ендемични видови на растителен и животински свет останале да постојат и понатаму во водите на блатото. Белчишкото блато е најголемото сочувано водно живеалиште во Македонија. Подрачјето на блатото се користи од околните жители за напасување и поење на стока, за косење, лов, риболов, и рекреација. Самото пространство на мочуриштето претставува и изворишен дел на реката Матица, кое кон север и исток е обработено со возвишението Габер кое е издадена западна огранка на Илинска Планина, додека кон југ и исток е отворено кон пространа рамнина на котлинското дно на Дебрца со надморска висина од 767 метри, при што блатото се напојува од повеќе студени извори како што се Св.Ана, Св.Јован и уште неколку близу црквата Св.Петка.Иако теренот е непристапен, некои истражувања покажале дека во мочуриштето постои голема разновидност на флората и фауната.Во овој воден еко систем живеат вкупно 55 различни растителни видови  и седум различни видови на риба.Исто така има и девет видови на птици, девет цицачи, девет водоземци и влекачи, како и 14 претставници на без’рбетници.Во минатаото во мочуриштето живееле големи јата на патки кои биле предмет на лов од мештаните.

Во селото Белчишта до 1948 од родовите поединечно се знае за нивното иселување.Од Таневци има иселеници во САД, и во Охрид, од Дојчиновци има во САД  и во Битола.Од Стевчевци иселеници има во САД, од Кулевци и Аировци има во САД, од Буљуковци има во САД и во Јабука,Војводина.Од Кочовци,Шаќировци,Лукачовци има иселеници во САД.