Годивје е село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во близина на патот Кичево- Охрид.
Селото Годивје се наоѓа во областа Дебарца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата: Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Збажди на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица, итн.
Годивје е старо село, за прв пат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во прилепско каде основале ново село Годивје. После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век. Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село искочиле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.
Во 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци). Според некои податоци од 1900 година, селото имало 550 жители христијани (Македонци).
Годивје е старо село, за прв пат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во прилепско каде основале ново село Годивје. После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век .Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село искочиле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.
Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци). Според некои податоци од 1900 година, селото имало 550 жители христијани (Македонци).
Годивје во целост е македонско православно село. Поголемиот број родови во селото се староседелски, кои некогаш живееле во сега веќе раселените села Војово и Гроов, кои постоеле во атарот на Годивје.
Староседелски родови се: Чораповци ; Секуловци; Попаѓовци; Јаковчевци; Шутаровци ; Андреевци; Деспотовци; Бачовци; Станковци ; Дојчиновци; Шипинковци и Коруновци.
Доселен е само родот Ѓаковци кои потекнуваат од предокот Кузман кој после некое убиство со неговиот брат пребегнал од околината на Ѓаковица. Кузман дошол во селото Годивје, додека неговиот брат отишол во околината на Дебар.
Според истражувања во 1948 година, родови во селото се:
- Староседелци: Самарџијовци–живеат по цело село, слават Св. Никола, за нив се вели дека први преминале од раселеното село Гроов; Продановци – живеат по цело село; Сталевци – живеат низ цело село, слават Св. Никола, за нив се вели дека дошле од Гроов после Самарџиовци. Се делат на Мрдовци, Ѓундалевци, Станковци, Бокелевци, Гршковци и Столевци; Куртовци – живеат во своето Куртовско Маало или преку село, слават Св. Никола, една нивна гранка се вика Карајоновци; Апостоловци– живеат во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Шишковци живеат во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Крилевци– 1 куќа имаат во Горно Маало, а 4 во Куртовско Маало, слават Св. Никола; Шутаровци -живеат 5 куќи во Горно Маало, а 9 куќи во Долна Црква, се делат на Чолаковци и Попаѓовци.
- Доселеници: Ѓаковци или Ѓоковци)23 куќи им се на сред село, а 2 во Куртоско Маало, слават Св. Никола. Доселени се 30тите на XIX век поради крвна одмазда од околината на Ѓаковица, Метохија.
Во село Годивје има 3 цркви кои постојат и една која е урната или запалена.Таму се црквите Св.Ѓорѓија, Св.Никола, Св.Спас (кај месноста Црквишта), а во минатото во месноста Горица била црквата Св.Вартоломеј. Во ова село слави се Водици и Спасовден.
Населението од Годивје цело време се иселувало. Познати се следните иселени родови од селото.
Во селото Србјани е иселен родот Мијаилевци ,во селото Десово е родот Андрејевци, во селото Горно Село е родот Ориѓани, во селото Песочани се Годивци; во Ново Село се Треневци.
После Втората светска војна околу 10 фамилии се отселиле во Војводина, во исто време и во Тиквеш се отселиле неколку фамилии. А од средината на 1950-тите населението почнало да се иселува по градовите. Најмногу се отселени во Охрид преку 80 куќи, но и во други градови во Македонија како: Скопје, Кичево, Струга, Битола итн. Иселеници има и во прекуокеанските земји пред се Австралија.