Горенци е село во Општина Дебрца, се наоѓа во Струшко Поле на 13 км северозападно од Охрид. Според некои податоци во 1948 година вкупниот број на жители е 466 жители, во 1953 тој број изнесувал 512 жители, а од 1961 година бројот на жители се зголемил на 589, за да десет години подоцна во 1971 година е 605 жители.Во 1981 година селото брои 610 жители, во 1991 година 485, а веќе во 1994 година бројот на жители се намалува и изнесува 369 жители, а веќе во 2002 година бројот на жители опаднал на 316.
Селото Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско, настанато е во почетокот на 19 век.
Во селото постојат два вида на родови:
Македонски родови: Ситниковци се најстар род во селото, Ивановци доселени се од селото Волино, Петревци, Чолевци доселени од селото Куратица, Николовци и Андреевци доселени се од дебрчкото село Велмеј, Скокљевци, Мицковци, Климовци, Тодоровци, Блажевци, Стојчевци и Крстановци.
- Албански родови: Бајрамовци, Бељуљовци, Мустафовци, Биба доселени се од селото Поум, Дервишовци, Исе доселени се од селото Мислодежда и Бургад доселени се од охридското село Велестово.
Во селото Горенци има и Основно училиште “Дебрца” до V одделение, кое е подрачно училиште на ОУ “Дебрца” Белчишта.