Климештани е село во Општина Дебарца. Селото Климештани се наоѓа во областа Дебарца, во подножјето на Караорман. Се наоѓа на надморска висина од 904 м.
Климештани е македонско православно село, селото не е многу старо, настанато е околу 1840 година. Според некои податоците од 1900 година, селото имало 80 жители христијани (Македонци). Според последниот попис селото има 57 жители.
Родови во селото се: Белевци – еден од трите најстари родови во селото, доселени се од сега раселеното село Црско кое постоело во атарот на селото Поум; Крушаровци- доселени се кога и Белевци, доселени се од селото Куратица; Крстановци – доселени се кога и претходните два рода, доселени се од селото Волино; после овие 3 рода во селото се населиле Наумовци и Димитриевци – доселени се од селото Мешеишта, во родот Димитриевци се знае следната генеологија Аргир (жив на 73 год. во 1980 година) Коста-Лазо-Димитрија кој се доселил од Мешеишта. Во Мешеишта припаѓале на родот Поповци.