Селото Лешани се наоѓа во облста Дебрца.Околни села се Велмеј од североисток, Грко Поле, Горно и Долно Средоречие од север и северозапад, Злести од запад и Куратица од југ.
Во 19 век, селото се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Според предание, името на селото потекнува од “Лешок”, еден од тројцата браќа кои на различни страни си ја побарале среќата, а Лешок се населил токму во селото Лешани.
Податоците од 1900 година кажуваата дека во селото имало 450 жители сите македонци христијани, а пак во 1905 година Лешани броело 480 жители.
Родови во селото Лешани се:
- Расолковци, Мутавџиовци, Џункаровци, и Шумкаровци.
Старосетелски родови :
- Грбаковци доселени се од Радомирово кај Песочан.
- Пупановци нема податоци од каде се доселени.
Истражувањата во 1948 година кажуваата дека родови во селото во тоа време биле:
- Трајковци, Јолевци и Мучовци, Опеновци и Гроздановци, Џуничаровци, Јанкуловци, Милошевци, Влаовци, Богдановци, Мотишовци, Кутановци, Поповци, Пупановци, Газиновци, Мандовци, Култовци, Суловци, Блажевци, Банаровци, Брловци, Шокаровци, Шумкаровци, Евендијовци.
Доселени родови биле:
- Нечковци- доселени од селото Белчишта,
- Сиљановци и Џепинковци-доселени од селото Џепин Струшко,
- Сошанковци-доселени од Сошани,
- Опеловци- доселени од Долно Средоречие,
- Јосифовци-доселени се од мијачкото село Лазарополе,
- Стојановци-доселени од селото Локов, Малесија,
- Џаферовци-исто така доселени од селото Локов.
Во минатото, освен со земјоделство, голем дел од населението работело во фабричкиот погон на ЕМО за метални конструкции. Поради поволните услови, планинската вода и рамното поле, жителите се занимавеле со одгледување на компир, грав и пченка.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Во селото има основно училиште “Дебрца” до lX одделение, подрачно училиште на ОУ “Дебрца”-Белчишта.
Исто така во селото има многу културни знаменитости: цркви и еден манастир.
- Црква “Сите Светци”- таа е главна манастирска црква, изградена во 1450 година.
- Црква “Покров. на Пресвета Богородица”- нова манастирска црква.
- Црква “Св. Никола”изградена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година.
- Црква “Св. Петар”- таа е понова црква и сеуште не е осветена.
- Црква “Св. Атанасиј”- понова црква, и е сеуште неосветена.
- Црква”Успение на Пресвета Богородица”-возобновена е во 1979 година.
и Лешанскиот манастир.
Како и од другите села така и од селото Лешани има могу население кое е иселено. Од фамилијата Јолевци иселеници има во САД, од Јанковци има во Волино, од Милошевци иселеници има во Америка, Поповци и Мандовци исто така се иселени во Америка, од Култовци иселеници има во Охрид и Белград,од Суловци има во Ливоишта и од Банаровци иселеници има во Америка. Родовите Поповци и Кочовци се иселени во Бабино, Железник.