Турје е село во Општина Дебарца, недалеку од патот Кичево – Охрид.
Не е јасно сосема од каде е името на селото, според некои претпоставки можно е да го добило бидејќи еднаш било турено -рушено.Селото Турје се наоѓа во областа Дебарца, на северните падини на Илинска Планина. Селото е оддалечено 33 километри јужно од Кичево и 40 километри северно од Охрид. Атарот на селото Турје граничи со атарите на селата Сливово на југозапад, Мраморец на југ, Козица на исток, Свињиште, Брждани и Јудово на исток, североисток и север, и Малкоец на северозапад. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Подпеш, Добра Вода, Чешма, Изворче, Неговиште, Пепелкојца, Миајлев Дол, Касапница, Карџаној Падини, Коловоз,итн.
Турје е многу старо село, за прв пат се спомнува под името Турје во 1582 година и спаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Селото еднаш пропаднало па го обновиле родови кои живееле во месноста Касапница, тоа било во ХVIII век.За време на Илинденското востание селото дало доста борци, па така од одмазда Турците го запалиле селото, и запалиле 64 куќи. Селото било запалено до темел и во текот на Втората светска војна, а од балистите биле стрелани 4 жители.
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства со 110 жители Македонци христијани,а според статистиката од 1900 година,во Турје живееле 320 жители, во 1905 година селото броело 456 жители.
Поголемиот број родови во селото се староседелски, кон крајот на ХVIII век родовите се поместиле од месноста наречена Касапница, која лежела западно од денешната местоположба на селото.
Родови во селото се: Трпчевци, Андреевци, Николовци, Тодоровци, Стефановци,, Тунтевци , Здравевци и Војневци, староседелски родови, кои живееле во месноста Касапница, во родот Трпчевц, целосно се иселени староседелските родови Дебељаковци и Таневци; Корџановци , доселени се од некое село во околината на Корча во Албанија Петревци, доселени се од селото Издеглавје. Споредистражувањата во 1948 година родови во селото се:
- Староседелци: Николовци,живеат во маалото Ореше, и слават Св. Никола летен или Пантелеј; Тунтевци или Јовевци, живеат во Ореше, слават Св. Никола; Смутревци, се делат на Здравевци и Алексијевци,Здравевци живеат во Маало Трпчевци, додека Алексијевци во Смутревци, слават Св. Никола; Алексовци , Грујовци или Панаѓијовци и Андревци се еден род, и живеат по целото село, и сите слават Св. Никола; Трпчевци живеат во своето Маало Трпчевско Шукдуровци и Антиловци или Поповци живеат во Трпчевско Маало, и слават Св. Никола зимен; Радичовци се делат на Стефановци , Пидуровци или Настовци и на Кисковци живеат во своето Радичовско Маало, и слават Св. Никола летен; Крајчевци се делат на Војневци, Дебељаковци, Марковци, Таневци, Илијовци и Новевци живеат во своето Крајчевско Маало, и слават Св. Никола зимен.
- Со непозната старина се: Дуковци некои ги сметаат за староседелци.
- Доселеници: Корџановци,доселени се од некое село кај Корча, Албанија во 1880 година. Живеат во Смутревско Маало, и слават Св. Никола; Јолевци доселени се 1908 година од Издеглавје, подалечно потекло имаат од некое место Уљуф во Голо Брдо, денес во Албанија. Живеат во Крајчевско Маало, слават Св. Никола летен.
Постари иселени родови се:
- Родот Топлевци се наоѓа во селото Лазаровци;
- Родот Вељановци помеѓу двете светски војни се преселил во селото Лера;
- Пред крајот на Втората светска војнаоколу 20 семејства се отселиле во селото Славеј.
Од крајот на 1950-тите години миграциите од селото се исклучиво во градовите, селото Другово и прекуокеанските земји.
Иселеници највеќе има во Кичево , Охрид , Битола и Скопје. Други иселеници има во Струга, Прилеп, Тетово, Гостивар, како и во Австралија.
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948: Од Николовци иселеници има во Земун кај Белград, и во Славеј, прилепско од Тунтевци иселеници има во Охрид, од Смутревци иселеници има во Софија, Бугарија, Големо Црско, Железник, Крушево, Прилеп, и во Скопје; од Алексовци иселеници има во Битола; од Грујовци иселеници има во Мраморец и од Андревци во Врбјани; од Трпчевци иселеници има во САД и во Пепелиште, Тиквеш; Од Антиловци иселеници има во Белград, Србија и во Бугарија; од Радичовци иселеници има во Кладник, кичевско, Србјани, Битола, и во Белград; од Крајчевци иселеници има во Пепелиште, Тиквеш , Свињиште, кичевско, Бугарија, Белица, Цер, Железник, Прибилци, Железник, Бугарија; од Корџановци иселеници има во Бугарија.Во селото Прибилци, Железник има род Турјановци доселен во Прибилци во 1923 година, во селото Турје припаѓаат на некој род.