Select Page

Песочани е село во општина Дебрца, во околината на градот Охрид. Се наоѓа на јужното подрачје на Славеј Планина.Низ селото тече реката Песочица.

Селото Песочан влегува во рамките на проширената општина Дебрца,која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Од 1996-2004 селото било под Општина Белчишта, а во период од 1965-1996, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 селото било под некогашната општина Белчишта. Во период од 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната општина  Белчишта, во која покрај селото Песочани се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно и Долно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Селои Црвена Вода.Во период 1950-1952, селото Песочани се ноаѓало во некогашната општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.

Во XIX век, Песочани се наѓалово Охридската Каза, Нахија Дебрца, во Отоманското Царство. При задушувањето на Охридско- дебарското востание во 1913 година, во селото Песочани биле убиени 107 муслимани од страна на српската војска.

Според податоците од 1900 г. во селото Песочани имало 360 жители, сите албанци муслимани. Во 1905 г. Нема ингормации за бројот на жители во с. Песочани. Во 1948г. бројот на жители бил 294, додека во 1953 пораснал за 358 жители. ОД 1961 година па се до денес бројот на жители се намалува и во 2002година во Песочани живеат 95 жители.

Селото Песочани е македонско православно село и во него нема староседелски родови, бидејќи во првата половина на  XIX век селото било населено само со маслиманско албанско население, кое потекнувало од околината на Дебар. Кога албанците се доселиле во Песочани, тие ги раселиле и некои села во Песочанската долина, како селото Радомирово и селото Влашки куќи. Иселеници од Македонското село Радомирово има во селото Лешани, а тоа се фамилијата Грбаковци. Од нивното населување па се до протерувањето во 1922 година селото било муслиманско, со што Песочани било единственото муслиманско село во Дебрца. Но во 1922 година селото било уништено и муслиманите биле растерани. Тие избегале прво во Охрид и Струга, потоа во струшките села Корошишта и Делогожда, кичевското село Другово, како и во Турција. Набрзо по нивното раселување во Песочани се населуваат македонци од околните села. Доселениците во селото ги носат имињата на селата од кои се доселиле: Црвеноводчани доселени од селото Црвена Вода, Годивјанци- доселени од село Годивје, Лактинци- доселени од селото Лактиње, Врбјанци- доселни од Врбјани и Арбиновци – доселени се од селото Арбиново.

Според истражувањата во 1948 година родови во с.Песочани се:

  • Македонци: Наумовци- доселени од с.Врбјани, Ѓаковци или Ѓоковци- доселени од с.Годивје, Ќубезиовци или Копиљаковци- доселени од Лактиње, Кисковци или Дуковци- од Лактиње, Балазовци- од Лактиње, Куртовци или Ѓурчиновци- доселени од с.Годивје, Трајановци- доселени од Црвена Вода, Апостоловци-доселени од Годивје, Шијаковци- од Црвена Вода, Балтаковци- доселени од Црвена вода, а тами се доселиле од с.Брежани, Мацковци или Ѓурковци – се од Црвена Вода и Коњаровци од Арбиново.
  • Албанци: Џеловци-живееле во селото Поум, па се вратиле назад во Песочани, Лимановци- живеела во Кичево па се вратиле назад и Веселовци жиееле во Делогожди па и тие се вратиле назад.

Во село Песочани има 2 цркви:

  • Црква “Св.Кирил и Методиј”- таа е главна селска црква и е изградена кој крајот на XX век.
  • Црква “ Св.Атанасиј” – таа е помала црква во селото.

Низ селото Песочани тече река Песочанска река.