Select Page

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 23-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 23та седница на Советот на општината Дебрца.

 Седницата ќе се одржи на ден  30.05.2019 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:   

Д Н Е В Е Н     Р Е Д 

  1. Усвојување на Записникот од 22-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на интегриран план за локален развој на општина Дебрца 2019-2022
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.07.2018 година-30.09.2018 година
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на кварталниот извештај за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за период од 01.10.2018 година-31.12.2018 година
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за 2018 година на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за периодот од 01.01.2018 година до 31.122018 година
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Статусни промени на Статутот на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
  7. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Дебрца и единки корисници до 30.09.2018 година
  8. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година
  9. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година
  10. Предлог – Статутарна одлука за дополнување на Статутот на општина Дебрца
  11. Предлог – Одлука за дополнување на Деловникот на Советот на општина Дебрца
  12. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 137/7 КО Оровник)
  13. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 728 КО Злести)
  14. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изградениот објект со намената на земјиштето (КП бр. 830 КО Злести)
  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски