Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните отпочнавме со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и др.
Ветивме дека со овие активности продолжуваме и оваа година.
Досега оваа година реализирано :
– Лешани, го решивме проблемот со пропуст на полски пат и мини разделителна градба за наводнување,
– Велмеј, го решивме проблемот со зафаќање на атмосферските води на регионалниот пат, кај селскиот дом, и реконструкција на мост по улицата кај изворите на “Истокот”.
-Врбјани, Годивје и Лактиње, решени пропустите и каналите по улиците кои се планирани за асфалтирање,
-Песочани, изградена шахта на бразда за наводнување. Навидум ситни, ама за граѓаните битни активности.
Продолжуваме понатаму…..