Денес се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Дебрца, како кризен штаб во врска со состојбата со корона вирусот, КОВИД – 19 и мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство, на кој беа донесени следните заклучоци и оперативни мерки во насока на заштита на граѓаните:
Во целост да се почитуваат задолженијата и препораките од Владата и Министерството за здравство во врска со состојбата со корона вирусот ;
Граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа ;
Се воведува нов режим на влегување во општината за странките. Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот ќе ги дезинфицираат рацете со дезинфикционо средство ,
Другите странки се упатуваат по можност своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски , преку активните телефонски линии и веб сервиси на општината ;
Градоначалникот на општината времено го откажува приемот на странки и со него за итни потреби може да се комуницира телефонски или електронски, на телефон 070 482 889, официјалниот меил на општината: contact @debrca.gov.mk или неговиот личен меил: nogaceski@yahoo.com ;
Се задолжува општината, јавното претпријатие и основното училиште да набават дезинфикциони средства и заштитна опрема за вработените во доволни количини и да извршат дезинфекција на работните простории;
Се задолжуваат сите превозници кои вршат општински линиски превоз на патници возилата со кои го вршат превозот секојдневно да ги дезинфицираат, а возачите задолжително да носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им се препорачува да ги следат мерките кои важат за општинските линиски превозници на патници ;
Да се формираат мобилни општински тимови за помош на изнемоштени, хронично болни, стари лица и лица со посебни потреби заради купување на намирници и лекови ;
Од буџетот на општината да се издвојат финансиски средства за набавка на основни животни намирници и средства за хигиена за семејства и лица со положба на социјален ризик ;
МВР, ПС Охрид со ангажирање на патролни служби да ја следи состојбата и особено да ги известуваат и предупредуваат лицата кои доаѓаат од ризичните земји зафатени од корона вирус, а кои не се придржуваат до препораките на Владата да останат во самоизолација наредните 14 дена ;
Матичните лекари кои вршат примарна здравствена заштита во општината да ја следат здравствената состојба на своите пациенти, посебно на постарите и поризични пациенти на вирусот ;
Сите граѓани кои ќе почуствуваат симптоми на корона вирус (покачена температура, сува кашлица ) да се јават во Центар за јавно здравје во Охрид, на следниот телефонски број 046/231 030 ;
На минимум да се редуцираат градежните активности на територијата на општината, а таму каде се работи градилиштата и работниците да се изолираат од месното население ;
Јавното комунално претпријатие на минимум да го редуцира вршењето на комуналните услуги и во целост да ги почитува мерките за заштита на вработените ;
Се задолжува ООУ “Дебрца” – Белчишта да се изнајде начин за изведување на алтернативна настава преку електронско учење од страна на наставниците и учениците ;
Сите трговски друштва во општината кои вршат продажба на стоки за широка потрошувачка во целост да ги почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на начинот на вршењето на трговската дејност и работното време ;
Граѓаните да избегнуваат собири и подолготрајно задржување во продавниците, бензинските пумпи, организирање на забави во приватни домови на поголеми групи на млади, како и на јавни места во општината ;
Разумно да се купуваат прехранбени продукти во локалните продавници и притоа да се почитуваат препораките за безбедно растојание ;
✅Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да ја одржува нивната хигиена.
➡️ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ.
➡️ОД НАС ЗАВИСИ !