Денес во ООУ “Дебрца” започна новата учебна година.
Во сите училишта наставата е со физичко присуство на учениците, освен во ПУ Мешеишта и ПУ Требеништа, во кои за учениците од шесто до деветто одделение наставата се спроведува онлајн. Во сите училишта се применуваат здравствените протоколи за заштита од ковид 19 вирусот. На сите ученици, а посебно на првачињата им посакав успех во учењето. – изјави градоначалникот Ногачески во рамките на посетата.
Претходно, според одлуката на Советот, воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата.
Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ„Дебрца“, Белчишта беше проследено до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, и истата доби согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.