Select Page

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 46та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  15.03.2021 година (понеделник),  со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                              

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2020 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
  5. Предлог – Годишна програма за изменување и допоплнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2021 година
  6. Предлог – Одлука за давање донација на црковен одбор на Црква „Св. Никола“ село Требеништа
  7. Предлог – Одлука за давање донација за црковен одбор на Црква „Св. Софија“ село Издаглевје
  8. Предлог – Одлука за формирање Локален совет за превенција на Општина Дебрца
  9. Предлог – Одлука за избор на Претседател и членови на Локален Совет за превенција на Општина Дебрца
  10. Предлог – Одлука за доделување субвенција а Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта

 

  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски