Select Page

Советот на општина Дебрца денес ја одржа 46-та редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

  • На оваа седница Советот го усвои Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година и Завршната сметка на Буџетот на општина Дебрца за 2020 година. Од проектираниот буџет за 2020 година од 112.000.000 денари остварен е приход во вкупен износ од 87.652.381 денари или оствареност од 78%.
  • Советот усвои дополнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги за 2021 година, предвидувајќи партерно уредување на дворното место во црква Св.Јован село Белчишта и црква Св.Никола село Брежани.
  • Советот донесе одлука за формирање на Локален совет за превенција, како советодавно тело кое се формира согласно законот за полиција, со цел навремено да се детектираат, анализираат и решаваат определени безбедносни проблеми во општина Дебрца.
  • Советот донесе одлуки за доделување материјална помош на три црковни одбори и тоа:  црковен одбор село Требеништа за донирање на 7 електрични столба/ бандери и 750 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до местноста “Св.Варвара”, на црковниот одбор село Издеглавје за донирање на 500 м електричен проводник за обезбедување електрична енергија до црквите “Св.Никола” и “Св.Софија” и на црковниот одбор село Велмеј за донирање на електричен проводник за осветлување на крст во црква “Св.Спас”.
  • Советот донесе одлука за доделување субвенција на ЈП “Дебрца”, во износ од 112.111,00 денари за плаќање на надоместок за приклучување на електродистрибутивната мрежа на новата пумпна станица во село Требеништа.
  • Советот донесе одлука за доделување еднократна субвенција од по 30.000 денари на превозниците кои го вршат линискиот превоз на патници, заради ублажување на последиците предизвикани од ковид кризата и нерентабилноста на возните линии.
  • Советот го донесе Урбанистичкиот план за село Песочани, со што се создаваат предуслови за урбан развој и на ова населено место.
Големина на Фонт
Контраст