Select Page

Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Дебрца  донесе:

О Д Л У К А
за избор на кандидат по интерен оглас број 01/2021 зa унапредување
административен службеник

  1. Кандидатот Катерина Латкоска  по пат на интерен оглас   број 01/2021 се избира за работното место   под реден број 1 УПР 0101Г03000 , КНИГОВОДИТЕЛ –Одделение за финасиски прашања .
  2. Изборот е извршен врз основа на финална ранг листа на интервјуирани кандидати по интерен оглас 01/2021 со архивски број 03-750/2
  3. Именуваната ќе биде унапредена на работното место од став 1 по конечноста на оваа одлука
  4.  Оваа одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на веб страната на Општината.

О б р а з л о ж е н и е

Општина ДЕБРЦА на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 14.05.2021година објави интерен оглас број 1/2021 за унапредување  на еден административен службеник за работното место УПР0101Г03000 –Самостоен референт-Книговодител ,Одделение за финансиски прашања .

Комисијата за селекција на ден 31.05.2021  година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 03-750/4) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 03-750/5).

Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финална ранг-листа и предлог за избор на кандидатот Катерина Латкоска  на работното место УПР0101Г03000 Самостоен референт –Одделение за финансиски прашања.Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

По конечноста на оваа одлука ,ќе се донесе решение за унапредување за именуваната.

Поука за правно средство: Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страната на Општината.

                                                                                                                         Секретар на Општина ДЕБРЦА

                                                                                                                                           Љубен Стојкоски

доставено до:

-именуваната

-Одделение за човечки ресурси

-архива

Изготвил: Светлана Костоска Донески