Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 50-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 50–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 29.07.2021 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 49-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југозападниот плански регион број 07-2/8 од 25.01.2008 година
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски